(ВИДЕО) Заев: Се обединивме во голема мултиетничка победничка коалиција

Од:

Најголемата предизборна коалиција до сега „Можеме“ препознава важност државата да продолжи по вистинскиот пат, тоа и ќе се случи. Нема враќање назад. Со ваква понуда и програма, надополнета со квалитетни персонални решенија секому му е јасно дека сме победници на 12 април. По победата продолжуваме на вистинскиот пат затоа што можеме уште повеќе, можеме уште подобро.

Ова го посочи претседателот на СДСМ Зоран Заев по потпишувањето договор за заеднички настап на предвремените парламентарни избори на 12 април со лидерите од партиите од Коалицијата „Можеме“, предводена од СДСМ.

-Се обединивме во голема победничка коалиција „Можеме“ составена од претставници на сите етнички заедници: Македонци, Албанци, Роми, Срби, Турци, Власи, Бошњаци и Египќани што претставува нов напредок, нов повисок стандард во политички плурализам во нашата заедничка таковина. Обединети сме заедно во најголемата политичка коалиција околу она што е важно за граѓаните и иднината на државата – членство во НАТО и ЕУ, поголем економски раст, поголеми плати и пензии, грижа за сите, правда и правна држава со здрава и чиста животна средина, рече лидерот на СДСМ Заев.

Сите, потенцира, сме насочени кон реализација на овие прашања.

-Можеме уште подобро и уште повеќе. Тоа го потврдивме преку програмата која нуди реални остварливи и квалитетни решенија. Прв наш столб е економијата каде предвидуваме отворање 100 илјади нови работни места и невработеноста да падне под осум проценти до крајот на мандатот во 2024 година. Докажавме дека платите во сите сектори можат да раста постојано, но можат повеќе и побрзо. На изборите нудиме 300 евра минимална и 600 евра просечна плата, раст на пезниите од 21 отсто, минимална пензија од 10.800 денари. Сето тоа е остварливио и реално, зашто и досега покажавме дека платите и пензиите може да растат, а невработеноста да опаѓа, посочи Заев.

Влеговме во НАТО, додаде, а можеме и во ЕУ.

-Со члeнството во НАТО имаме пазар вреден четири милијарди евра годишно. Со влегување во ЕУ достапни  се две милијарди евра од фондовите. Тоа се европски пари со кои ќе обезбедиме европски стадард тука, дома. Наскоро почнуваме преговори со ЕУ, ја европеизираме Северна Македонија и го трансформираме општеството. Се обврзуваме до 2024 година да отвориме 80 проценти од поглавјата во за  ЕУ, нагласи Заев.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Во видео од неколку секунди излезе на виделина целото лицемерие, аздисаноста и лажната грижа за народот на СДС

Митева: Филипче, Заев и Ковачевски свесно ја втурнаа Македонија во црно сценарио, да биде оставена сама на Балканот и неинтегрирана

Политиката на свиткана кичма на Заев донесе штетни договори од кои и денес Македонија едвај глава крева реагира ВМРО-ДПМНЕ

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче и Заев се лицето и опачината на истата паричка – ортаци се во криминалот и корупцијата

Предраг Петровиќ

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче не е нов лидер, туку чувар на фотелјата на Заев

Ковачевски за средбата со Заев и Ахмети: Зборувавме за настапот на партиите на изборите и за членството во ЕУ

Александар Тодески