(ВИДЕО) Заев: Разговорите претежно се водеа меѓу мене и Груевски, договоривме само дека треба да разговараме

Од:

Преговорите не се отпочнати, од разговорите во Стразбур нема ништо детално затоа што заклучивме само дека треба да разговараме, изјави вечерва лидерот на СДСМ, Зоран Заев кој денеска се врати во кампот пред Влада по средбата во Стразбур која траеше десет часа.

Како што вели Заев, претежно разговарале лице в лице тој и премиерот, Никола Груевски, во присуство на еврокомесарот за проширување и тројцата европратеници.

Премиерот бил во придружба со 13 соработници, но дел од разговорите се воделе во тимови од по тројца претставници од едната страна и тројца од другата. Заев вели дека разговорите ќе продолжат на 26-ти во Клубот на пратеници во Скопје, каде лидерите на албанските партии ќе бидат запознаени со новостите.

– Остануваме на тоа што го соопшти Европската унија затоа што сакаме да дадаме шанаса на преговарачкиот процес кој се обидува да почне. Преговорите не се почнати, почнати се разговори околу воспоставување на рамката. Деталите не би ги кажувал затоа што нема да бидат во прилог на успешни разговори кои ќе дадат резултат за политичката криза конечно да се разреши, изјави Заев.

Тој додаде дека по отпочнувањето на преговорите, кога ќе се разговара за барањата за преодна влада и прочистување на избирачкиот список, меѓу другите, Европската унија, како независно тело, ќе ја има задачата да ја информира јавноста.
– Не се работи за тајност туку давање шанса на преговарачкиот процес. Самите преговори не се почнати. Кога ќе се разговара за преодна влада или избирачки список, тогаш соопштувањето до јавноста ќе треба да биде преку Европската унија. Се уште немаме навлезено во преговори и затоа не се соопштува ништо детално, нема ништо детално, разговаравме и заклучивме дека треба да разговараме – додаде тој.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Истовремено соопштение на ВМРО и на Платформата 12 И 05, ист ракопис, иста порака

Катерина Ѓуровски

„Платформа 12:05″: Изборите во Брвеница потврдија дека Филипче одработува за власта

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Мицкоски ги поништува реформите – сака целосна партизација и контрола на безбедносните служби

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Младеновска: Владата плаќа 350 милиони евра годишно за камати, повеќе отколку за социјална помош

СДСМ: Нема субвенции, нема откуп, нема мерки – земјоделците се оставени на цедило

Горан Наумовски

СДСМ: Ново задолжување од 92 милиони евра на 20 октомври

Катерина Ѓуровски