(ВИДЕО) Заев: Пратениците денес гласаат за најважниот документ по осамостојувањето – договорот за пристап во НАТО

Од:

Лидерот на СДСМ и експремиер Зоран Заев ги повика пратениците денес да го изгласаат предлогот за ратификација на Северностлантскиот договор за пристапување на Републка Северна Македонија во НАТО Алијансата.

Со гласањето на овој договор, Заев рече дека стратешката определба на државата станува реалност.

„ Ги повикувам сите 120 пратеници во Собранието на Република Северна Македонија да бидат на висина на одговорноста што овој историски ден им ја носи.

Да се обединат околу она што значи остварување на една од двете стратешки цели поставени уште од независноста, од далечната 1991 година и денеска да го поддржат. Се работи за иднината на сите наши деца. Овде не станува збор за политички партии туку за животот на луѓето, за сегашноста и за иднината“, повика Заев.

По Декларацијата за независност на Република Македонија од 15 јануари 1991 година, денес Заев смета дека пред пратениците во Собранието е најважниот документ од независноста до денеска.

„По години и децении патешествија, блокади, режим, стагнација, изолација, по години исцрпувачки преговори, конечно го отворивме патот до членство во НАТО.

Одлучивме проблемите да ги решаваме, наместо да ги криеме под тепихот, решивме да им пријдеме а не да бегаме од отворените прашања. И успеавме. Успеавме за сите наши граѓани.

По 26 години спор, постигнавме Договор кој го запечати нашиот македонски идентитет кој беше оспоруван.

Македонци од Република Северна Македонија кои говорат македонски јазик и имаат своја македонска култура. Признаени од целиот свет“, рече Заев.

Економските придобивки за државата, според Заев почнале да се чувствуваат уште со потпишувањето на Договорот од Преспа, со раст на инвестициите, со намалена на историски минимум невработеност од 17,1 %, со зголемување на платите во сите сектори, раст на економијата од 4% и над 60.000 нови работни места.

За најавите за враќање чекор назад, Заев вели дека се опасни, антизападни и антидржавни и значат враќање во времињата на изолација, на блокади, на ембарга и вета, на кавги со соседите, времиња на несигурност и неизвесност.

„Нема шанси. Нашата држава предолго беше таму и затоа ние нема да дозволиме повторно да се враќаме назад во мрачното минато“, рече Заев.

Би можело да ве интересира

Медведев: Распадот на НАТО би бил корисен за целата планета

Маслеников: НАТО се подготвува за можен конфликт

„Продолжете да сонувате“: Шефот на НАТО вели дека Европа не може да се одбрани без помош од САД, особено од нуклеарен напад

Предраг Петровиќ

Фредериксен: НАТО нема мандат да преговара во име на Данска и Гренланд и за нашите односи

Горан Наумовски

Руте: Договорот со Трамп значи зајакнување на безбедноста на НАТО на Арктикот

Сојузниците на НАТО ги затвораат разузнавачките „канали“ за САД