(ВИДЕО) Заев ги повика Груевски и Ахмети да објаснат кој ја дестабилизира Македонија

Од:

Социјал-демократскиот сојуз сојуз апелира до граѓаните на смиреност и присебност, да не подлегнуваат на мрачни сценарија за предизвикување конфликти и дестабилизација на Македонија.

„Го повикувам Никола Груевски да излезе пред граѓаните и да објасни кој, зошто и со каква цел ја дестабилизира државата. Дали и зошто криминални структури од територијата на соседните држави влегуваат во Македонија. Кој ги организира и со каква цел. Истата тоа треба да го направи и Ахмети“, рече Зоран Заев на прес-конференција.

Жртви, вели на акцијата се и Македонци и Албанци, и полицајци и цивилно население.

„Сега најважно е на цивилното население да му се помогне и да му се обезбеди и гарантира сигурност и безбедност. Црното сценарио нема да успее, граѓаните препознаваат кој има интерес од вакво сценарио и нема да дозволат да бидат вмешани во ваквото сценарио.Македонците, Албанците и сите други граѓани се заедно како никогаш досега. Убеден сум дека тоа така и ќе остане“, изјави Зоран Заев.

Одговорајќи на новинарско прашање, како ги коментира информациите дека членови на ВМРО-ДПМНЕ организираат за денеска контрапротест пред седиштето на СДСМ со обвинување за опозицијата за настанот во Куманово, Заев одговори дека се надева дека овие информации не се точни, но ако тоа навистина се случи, ќе биде потврда дека власта подготвува мрачно сценарио.

На прашањето дали и по денешниот вооружен инцидент во Куманово, тој планира да го одржи закажаниот протест на 17-ти мај и дали ќе продолжи да ги објавува „бомбите“, Заев рече дека денеска е најважно да се преземат активности за стабилизирање на состојбата.

Би можело да ве интересира

Петрушевски: Филипче и СДС не беа вака гласни кога од Венецуела се влеваа 110 милиони евра во Еуростандард

СДСМ: Славески призна дека Мицкоски одлучил за влезот на Алта банка, бараме итна истрага

Кузеска: Во ист ден имаме две признанија пред јавноста кој ја донесе Алта банка, обвинителот Савески има обврска да реагира

Предраг Петровиќ

Петрушевски: Филипче и партнерите од СДС треба да одговараат кривично за саботажа на банкарскиот систем во државата

Притвор и мерки за претпазливост за осомничените за перење пари и изнуда во Куманово

СДСМ: Каков мандат, таков извештај – катастрофата на Мицкоски потврдена од Брисел