(ВИДЕО) Заев: Постои голема веројатност да не постигнеме договор, но остануваме оптимисти

Од:

Премиерот Зоран Заев вели дека останува оптимист иако постои голема веројатност да не постигнеме договор со Бугарија.

„Преку оптимизам испраќаме порака дека правиме се да постигнеме решение. Јас сум истиот тој што на 11 октомври, празникот, го запознав нашиот народ дека е можно да немаме решение, односно да не се одржи првата меѓувладина конференција меѓу Р.С. Македонија и Европската Унија“, рече Заев.

Ние продолжуваме да изнаоѓаме решенија кои би биле прифатливи за двете страни.

Тој вели дека во Собранието не се отвора расправа за спорот со Бугарија бидејќи разговорите се во финална фаза и според него тоа опозиијата може да го искористи за да добие политички поени, на сметка на нашата позиција во преговорите.

„Имаме обрска државата да оди напред и да успева, би било дегутантно било што да направиме што процесот на разговори може да го доведе во прашање“, рече Заев.

Би можело да ве интересира

Бугарија не учествува во никакви консултации за повторно преговарање за обврските на Македонија, вели Петрова

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Мицкоски очекува „коњопој средба“ во Софија

Муцунски и Петрова ќе се сретнат в четврток во Софија

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Фон дер Лајен му рекла на Мицкоски да закаже разговор во Софија, Македонија ќе добие патокази кога ќе се одблокира процесот

Катерина Ѓуровски

ВМРО-ДПМНЕ: Каракачанов посоодветно е да ги покани своите истомисленици Заев и Филипче на пренесување на моштите на цар Самоил во Бугарија

Софија одговори на идејата ЕУ да биде вклучена во разговорите со Македонија, потсетува дека обврските остануваат