(ВИДЕО) Заев: По промените ја враќаме државата на младите, тие се нашата иднина

Од:

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев, синоќа учествуваше на дебата со младите од Штип.

Се дебатираше за проблемите во образованието, невработеност, масовното иселување на малдите од Македонија, но и за решенијата коишто ги има СДСМ во Програмата на партијата.

-Многу е тешко да си млад човек во Македонија. Образовниот систем е под секое достоинство, нема работа, а својата егзистенција ја гледаме надвор од државата. Младите надежта ја гледаат само во промените, рекоа присутни млади штипјани.

СДСМ има тим, има Програма, има решенија за проблемите на младите. Со мерките за отворање на нови работи места младите луѓе ќе добијат фер шанса за пристојна работа и повисока плата, возврати претседателот Заев.

Заев ја презентираше и мерката “Младинска гаранција” од Програмата на СДСМ, кадешто младите, по завршување на образованието веднаш ќе излезат на пазарот на трудот или државата ќе им помогне во продолжување на образованието.

-Нашата цел е да им обезбедиме иднина на младите дома. За младите ќе отвориме вистински перспективи и можности за самовработување. Во Штип ќе биде лоциран и еден од бизнис инкубаторите, каде што ќе се поддржат младите со 10 илјади евра неповратни средства, за сопствен бизнис, и отворање нови работни места за младите, рече Заев во разговорите со младите штипјани.

Претседателот Заев рече дека СДСМ на првата владина седница ќе го укине екстерното тестирање коешто предизвикува стрес и проблеми кај учениците, родителите, наставниците.

Во средното образование ќе се намали фондот на часови но ќе се зголеми практичната настава.
На тој начин ќе им помогнеме на младите и професионално да се ориентираат, додаде Заев.

-Ќе инвестираме во комплетен кампус за студентите во Штип, со сите аспекти. Со картички за студентите за бесплатно користење на кино, театри, за спорт и спортски реквизити и терени. Ќе се изгради кампус каде што ќе ги има сите содржини за студентите во делот на студентски живот, младите го заслужуваат тоа, рече Заев.

Претседателот на СДСМ рече дека младите може да ги очекуваат промените на слободни, фер и демократски избори.

-На слободни фер и демократски избори, заедно да си ја вратиме државата на граѓаните, на младите. Тие се нашата иднина, иднината на Македонија, рече претседателот Заев.

На дебатата на младите со претседателот на СДСМ, Зоран Заев, учествуваа и претседателот на СДММ и пратеник, Стефан Богоев и членот на Извршниот одбор, Благој Бочварски.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Лукаревска: Вториот ребаланс не носи ниту економски развој, ниту подобар животен стандард за граѓаните

Петрушевски: Филипче и СДС не беа вака гласни кога од Венецуела се влеваа 110 милиони евра во Еуростандард

СДСМ: Славески призна дека Мицкоски одлучил за влезот на Алта банка, бараме итна истрага

Кузеска: Во ист ден имаме две признанија пред јавноста кој ја донесе Алта банка, обвинителот Савески има обврска да реагира

Предраг Петровиќ

Петрушевски: Филипче и партнерите од СДС треба да одговараат кривично за саботажа на банкарскиот систем во државата

СДСМ: Каков мандат, таков извештај – катастрофата на Мицкоски потврдена од Брисел