(ВИДЕО) Заев: Пишев не разликува деца со посебни потреби и ученици во делот на организација на превозот

Од:

Смешни се обвинувањата на Васил Пишев поради тоа што не знае да разликува деца со посебни потреби и ученици во делот на организација на превозот. Децата со посебни потреби се превезуваат со такси возила. Тие одат во придружба на својот родител и тоа е регулирано со закон, рече Заев за обвинувањата на Пишев дека тој правел криминал со превоз на ученици во Струмица.

– Истовремено, постапките во Општина Струмица се транспарентни, се јавни, се добиваат по пат на јавна лицитација, за разлика од Битола, каде во четири очи се склучувале договорите. Повеќе лагите не поминуваат на власта, нивните сценарија да најдат човек кој што апсолутно нема ни трошка свест за тоа што го зборува и го злоупотребат, за да можат перјаници на власта тоа да го искористат во манипулативни цели, манипулирајќи со граѓаните повеќе не поминуваат во Македонија, рече Заев.

Пишев претходно обвини дека Зоран Заев како градоначалник на Струмица има склучено договор за јавна набавка за превоз на ученици, односно деца со посебни потреби во ООУ „Сандо Масев“ и вработените од општинската администрација, но според него, учениците и вработените во администрацијата не ја добивале услугата.

Александар Тодески

Би можело да ве интересира

Тешка сообраќајна несреќа во Струмица, повредени неколку лица

А1он

Струмичани ќе се возат во јапонски автобуси од 700.000 евра

Орце Костов

Најмногу дожд во Струмица

Во Струмица мерки за заштита од загадениот воздух

Мајка од Струмица e осомничена за запуштање и малтретирање на дете

Горан Наумовски

Трите деца од семејството на девојчето кое се лекува од тешки повреди во Клинички во Скопје ќе добијат старател

Катерина Ѓуровски