(ВИДЕО) Заев: Осум часа се потрошија за „бомбите“, казни за новинари нема да дозволам

Од:

Не можам да сфатам ниту јас, ниту нашиот преговарачки тим а верувам и нашата јавност, како на некој може да му е поважно од овие разговори да потроши за важноста за забрана на „бомбите“ од европската иднина на земјава и сите граѓани. Не можам да имам рационално објаснување дека не може да се постигне договор за едноставни работи и упорно да се купува врее. Остануваат уште 20 часа да се имплементира законот за специјален јавен обвинител и да се избере техничката влада за да се испочитуваат договорите од Пржино, изјави лидерот на СДСМ Зоран Заев, после средбата во резиденцијата на ЕУ во Скопје.

– Нема договор. Очекуваме реализација целосна на законот за специјален обвинител и секако реализација на договореното за организацијана влада. Има уште 20 часа за договор за едноставни работи, да се избере тимот на специјалниот обвинител и техничка влада, рече Заев.

Осум часа се потрошија за законот за „бомбите“ за да може да бидат казнувани медиумитеи да се воведе цензура. Нема да дозволиме воведување неевропски закони, тука беше главниот проблем и ветото на замениците министри. Се е едноставно. Ако нема договор ние нашите ставови јавно ќе ги кажеме. Нашата позиција е дека никаде во ЕУ не смее да има 5 години затвор за новинар или медиум ако објави материјал од „бомбите“ и е во спротивност со веропските вредности. Не можеме да се согласиме да бидат казнувани медиумите. Наместо да одеме кон ЕУ, ние се назадуваме, кажа Заев.

До кога да купуваме време, сега и овие 20 часа да ги купуваме? Не можам да дадам согласност да се казнуваат медиумите и тоа е апсолвирано прашање. Правото на вето е дефинирано во договорот, тогаш се изнајдоа формулации и ги има во протоколот од 15 јули. Што значи вето и за што се однесува, не треба посебна филозофија да се прецизираат ваквите работи.

Нерационалноста во однесувањето транспарентно ја посочувам. Ако се сака за 2 часа може да се постигне договор, 20 часа се премногу, рече Заев.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Избори ќе закаже кога ќе снема пари – Ние нема да му бидеме алиби, но граѓаните ќе му бидат сведоци

Горан Наумовски

СДСМ: Мицкоски си ја крои статистиката – граѓаните ја гледаат во продавница

СДСМ: Орце Ѓорѓиевски чита календар за прскање, а Скопје брои четири починати

Реакција на Ѓорѓиевски: Повторно гледаме обид сериозна здравствена тема да се претвори во дневнополитичка пресметка

ВМРО-ДПМНЕ: Ние работиме, СДСМ се дави во сопствениот хаос и лаги

Горан Наумовски

СДСМ: Гостивар не заборава – додека граѓаните се труеја, Мицкоски славеше

Горан Наумовски