ВИДЕО: Заев оддаде почит на претседателите Киро Глигоров и Борис Трајковски

Од:

Претседателот на Владата Зоран Заев денеска на градските гробишта Бутел во Скопје оддаде почит и положи венци со цвеќе на вечните почивалишта на претседателите на Република Македонија Киро Глигоров и Борис Трајковски.

На положувањето заедно со премиерот Заев присуствуваше и вицепремиерот задолжен за европски прашања Бујар Османи.

Должната почит кон споменот на двајцата претседатели на овој ден, како што истакнуваат од владината прес-служба, е признание за нивниот исклучителен придонес во создавањето и негувањето на придобивките од независноста на Република Македонија.

Би можело да ве интересира

Владата бара итно мислење од Венецијанската комисија за предложениот модел на правосудниот испит

Горан Наумовски

Владата ќе формира Национален комитет за заштита и безбедност на новинарите

(ВИДЕО) Младеновска: Владата плаќа 350 милиони евра годишно за камати, повеќе отколку за социјална помош

СДСМ: Нема субвенции, нема откуп, нема мерки – земјоделците се оставени на цедило

Горан Наумовски

ДУИ: Македонија остана надвор од плановите на ЕУ за проширување, одговорноста е на Владата

Левица: Владата на Мицкоски признава фискален неуспех – ги промаши проекциите, ги крати инвестициите и ја задолжува државата