(ВИДЕО) Заев од трибина во Велес: Ништо не е сменето во ВМРО-ДПМНЕ, немаат никаква понуда квази-патриотите

Од:

Претседателот на СДСМ Зоран Заев на граѓанска трибина во Велес истакна дека ништо не е сменето во ВМРО-ДПМНЕ, дека опозициската партија нема никаква понуда а продава лажен патриотизам.

– Од секое дрво кавал не бива. Ги знаеме кои се, им понудивме заедно да водиме кога требаше крупните прашања да се решваа. Но не, избегаа, немаа храброст, квази патриотите. Понудив заедно да одработиме за реформите, заедно да одработиме за економијата. Не. И тоа одбија. Затоа што ако влезат заедно ќе се види сета лажна слика на нивниот квази патриотизам. Бегаат и до ден денеска. Знаеме и кои се и какви се и нема да им довозлиме да не вратат назад, затоа што се работи за нашата држава и нашата иднина рече Претседателот Заев.

Ништо не се менува кај ВМРО-ДПМНЕ и затоа тие не можат да понудат никаква обвнова, затоа немаат поддршка одраѓаните, порача Заев од граѓанската трибина „На прав пат“ во Велес.

Вложуваме во живиот, човеки капитал а не во мртви споменици, порача претседателот на СДСМ, Зоран Заев пред граѓаните во преполаната сала во Велес. Претседателот Заев истакна дека веќе на почетокот на идната година следуваат нови значајни покачувања на платите во клучни сектори, важни за граѓаните и државата.

-Минималната плата ја зголемивме на 14.500 денари а просечната за над 2.000 денари, за само 2.5 години. Обезбедивме средства, платите во образованието се зголемуваат повторно за 10 отсто, што е вкупно 20 отсто покачување за само две и пол години. Обазованието е клучно и очекуваме и професорите со покачувањето на платата ќе ја зголемат мотивираноста и ефикасноста во наставата, да пружаат знаење на нашите дец, рече претседателот Заев.

Истото го правиме и во здравството. Со зголемувањето, платите заедно со дежурствата, на специјалистите во Клиничкиот центар ќе бидат 100.000 денари, во другите помали боници и здравствени домови помеѓу 88 и 92.000 денари, ќе растат и платите на медицинските сестри. Важно е лекарите да ни останат дома и тука да работат, порача Заев на граѓанската трибина „На прав пат“ во Велес.

Би можело да ве интересира

Филипче бара расчистување на случајот со нападот врз Арсовска и казнување на сторителите

Кузеска: СДСМ најостро го осудува нападот, владата да престане да ја заштитува мафијата

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Кузеска: Владата ќе потроши 1,8 милиони евра на кампања за ЕКСПО во Белград, а нема пари за Кочани и за пожарникарите

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Ковачки: СДС и нивната непромислена политика на веднење кичма ја донесе Македонија до степен на негација од Бугарија

(ВИДЕО) СДСМ: Борко Ристовски е капитен на распадот на спортот во државата

ВМРО-ДПМНЕ: Бугарија има јасна агенда за бришење на јазикот и идентитетот, СДС знаеше за ова и го дозволи