(ВИДЕО) Заев од Паркот на револуцијата во Прилеп: На 15 јули да избереме слобода наместо принуда!

Од:

„Од Паркот на Револуцијата во Прилеп, пред Могилата на непобедените, порачувам – да бидеме горди и сплотени бидејќи заедно ја остваривме тридецениската стратешка цел на македонскиот народ и на сите наши сограѓани – нашата земја, Северна Македонија е членка на најмоќниот воен сојуз во светот, НАТО.

Ние сме НАТО. Денес сме стабилни и безбедни. Инвестициите ни се гарантирани. Не сме повеќе сами и изолирани, дел сме од голем сојуз кој не штити и во кој ни се слуша гласот“, рече претседателот на СДСМ, Зоран Заев.

„Ги остваривме идеалите на борците од НОБ кои ги положија своите животи за слободна Македонија. Ја вративме земјата на вистинскиот пат што тие ни го осветлија. За истите вредности се бориме и се изборивме. За слобода, за напредок, за солидарност и социјална сигурност.

И не застануваме тука. Продолжуваме понатаму до полноправно членство во ЕУ. Преговорите со ЕУ ни носат ред, дисциплина, промена и стабилна иднина.

Ја носиме Европа дома, кај нас.

Јас знам дека придобивките од слободата која заеднички ја освоивме се силна причина никогаш повеќе да не дозволиме да се врати режим.

Знаеме сите дека на 15 јули мора да потврдивме дека режимот го оставаме таму каде што припаѓа – во минатото.

Ве повикувам на 15-ти јули да избереме слобода наместо принуда. Да избереме сиугурност наместо опасност. Да избереме европска иднина наместо режимско минато. Да ги избереме СДСМ и коалицијата „Можеме“ за да продолжиме да работиме уште повеќе и уште подобро за развој и напредок на нашата убава земја“, изјави претседателот на СДСМ, Зоран Заев.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Лукаревска: Вториот ребаланс не носи ниту економски развој, ниту подобар животен стандард за граѓаните

Петрушевски: Филипче и СДС не беа вака гласни кога од Венецуела се влеваа 110 милиони евра во Еуростандард

СДСМ: Славески призна дека Мицкоски одлучил за влезот на Алта банка, бараме итна истрага

Кузеска: Во ист ден имаме две признанија пред јавноста кој ја донесе Алта банка, обвинителот Савески има обврска да реагира

Предраг Петровиќ

Петрушевски: Филипче и партнерите од СДС треба да одговараат кривично за саботажа на банкарскиот систем во државата

СДСМ: Каков мандат, таков извештај – катастрофата на Мицкоски потврдена од Брисел