(ВИДЕО) Заев: Обединети, заедно, ќе ја донесеме историската одлука за безбедна иднина на нашите деца, во европска Македонија

Од:

Тетово е Европа во мало, богато со разлучности. Македонија со векови е мултиетничка, заедно и обединета. Остануваме обединети и вака обединети, заедно, ќе гласаме За европска Македонија, рече претседателот на СДСМ и премиер, Зоран Заев на завршната предреферендумска граѓанска трибина вечерва во Тетово.

-Заедништвото во Тетово е нашето богатство, затоа тука почнавме да го градиме концептот Едно општество за сите. Кога се обединивме, бевме подготвени да чекориме напред. Овој народ секогаш бил голем и одговорен и овој пат ќе донесе историска одлука. Јас знам дека мнозинството ќе гласа За европска Македонија, но сакам да биде консезуално. Како што сме обединети етнички, да се обединиме и политички, повика премиерот, Заев.

Тој ги повика граѓаните да не се водат од скриени игри, затоа што носат историска одлука. Рече дека граѓаните на Македонија оваа шанса не смеат да ја пропуштат затоа што може да се повтори по 50 години. Да се бојкотира не е родољупски, родителски и патриотски.

-Се отвори скрининг процесот во ЕУ денеска, македонскиот јазик веќе е службен јазик, имаме признаен македонски идентитет и јазик, се за што се бореле нашите татковци и дедовци. Еве конечно имаме признаена земја со македонски идентитет и јазик. Отвораме преговори со ЕУ, влегуваме во НАТО, така ќе го јакнеме идентитетот, рече Заев.

Тој изрази благодарност на граѓаните Албанци, Турци, Срби, Роми, Бошњаци, Власи за покажаната солидарност со граѓаните Македонци во овој процес на обезбедување поддршка за македонскиот идентитет и јазик.

-Еве не сплотени, заедно како никогаш досега. Ајде и оваа генерација да остави трага дека сме се одважиле да ја обезбедиме иднината на оваа мултиетничка Македонија. На 30. септември, консезуално, заедно, децата, иднината ни се во прашање, сите заедно, должност ни е да излеземе и да гласаме За европска Македонија, порача, меѓу другото, претседателот на СДСМ и премиер, Зоран Заев, на завршната граѓанска трибина во Тетово.

Би можело да ве интересира

Во Гостивар водата не е за пиење, во Тетово има рестрикции

Катерина Ѓуровски

Насилник од Тетово сакал да убие 17-годишник, со скалпел го исекол кај вратот и десното уво

Горан Наумовски

Тешка сообраќајка во Тетово, автомобил усмрти пешак

ВМРО-ДПМНЕ: Лицемерие е кога партијата на Заев кој зборуваше за еден народ во две држави и Пендаровски кој праќаше поздрави на “љубави”, да глуми загриженост

Полицијата уапси дилер од Тетово

ОЈО за трагедијата во Стримница: Се скарале во двор на џамија, а потоа со нож рани соселанец

Горан Наумовски