(ВИДЕО) Заев: СДСМ и опозицијата влегува во 5 министерства

Од:

Со денешниот договор се потврди `се што во континуитет, јас, Социјалдемократскиот сојуз, опозициската коалиција, го докажавме во проектот Вистината за Македонија, дека Никола Груевски и неговите најблиски соработници владеат на криминален и коруптивен начин и дека не победуваат, туку ги крадат изборните процеси, рече Зоран Заев на прес конференцијата по преговорите.

Никола Груевски ќе поднесе оставка и нема да ја предводи Владата што ќе ги организира и спроведе изборите, што ќе се одржат на 24 април идната година.

Заминувањето на Груевски од Владата ќе се случи до крајот на оваа година, а изборот на новата Влада ќе биде најдоцна до 15 јануари.

Тоа што го ветивме, го остваривме, Никола Груевски нема да ги организира и да ги спроведе изборите!

СДСМ и опозицијата влегува во 5 министерства.

Социјалдемократскиот сојуз ќе го предложи новиот министер за внатрешни работи. Покрај МВР, СДСМ ќе предложи и министер за труд и социјална политика. Во Министерството за финасии, Министерството за земјоделство и Министерството за информатичко општество, СДСМ ќе назначи заменици министри со право на вето.

Ќе биде избран специјален јавен обвинител којшто ќе биде задолжен да спроведе истрага за содржините, доказите и аргументите од проектот Вистината за Македонија.

СДСМ, на почетокот на септември ќе се врати во Парламентот и активно ќе учествува во целосно спроведување на сите сегменти од постигнатиот договор, во насока на неопходните промени во критичните области нотирани во меѓународните извештаи.

Изразувам благодарност до претставниците на меѓународната заедница за ангажманот и вложените напори во овој преговарачки процес, во интерес на Република Македонија и нејзините граѓани.

На 24 април 2016 година ќе се одржат предвремените парламентарни избори што ги бараше опозицијата, на коишто граѓаните на Македонија, на слободни, фер и демократски избори ќе ја изберат новата власт во Република Македонија.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Без техничка влада не може да има праведни избори

А1он

(ВИДЕО) Лукаревска: Се најавува кредит од дури 6 милијарди евра, Владата ги турка граѓаните во должничко ропство

А1он

51 тендер во вредност од 16 милиони евра за три години од општините на ВМРО-ДПМНЕ за „Пирамид билдинг солушнс“, обвинува СДСМ

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Цветановски: САД гледаат со кого Мицкоски и Стоилковиќ се „стратешки партнери“ со „Ноќните волци“ на Путин

Горан Наумовски

СДСМ: Само техничка влада може да овозможи фер избори

(ВИДЕО) Филипче: Се потврди сè што говоревме, ВМРО е во паника по акциите на САД и Законот за Западен Балкан

Горан Наумовски