(ВИДЕО) Заев: Никој да не остане гладен, за тоа да се избориме!

Од:

Градоначалникот на општина Струмица, Зоран Заев, денеска, на меѓународниот ден на борба против гладот им врачи пакети со прехранбени производи на сто социјално ранливи семејства од Општината. Како прв амбасадор за борба против глад со дипломатски пасош 0001 и член на дипломатскиот кор на Банката за храна на Македонија, тој и општина Струмица по кој знае кој пат покажаа и докажаа како вистински се води грижа за социјално ранливите категории на граѓани.

Денешниот хуманитарен настан кој што се одржа во домот на АРМ, го организираа Банка за храна и Организацијата на жени, а кои градоначалникот Зоран Заев и годинава го прогласија за Амбасадор на борба против гладот за континуираната петгодишна поддршка, потенцирајќи дека општина Струмица е единствената општина во Република Македонија која во последните четири години  која во буџетот проектирала средства за помош на сиромашните семејства преку Банката за храна.

-100 социјално ранливи семејства од општина Струмица денеска, веројатно и во наредните неколку денови, нема да бидат гладни, бидејки ќе добијат пакети со прехрамбени производи, преку хуманиот проект Банка за храна на Организацијата на жени на општина Струмица, што веќе 5-та година го поддржува општина Струмица. Но, додека доаѓав овде да го одбележиме овој солидарен, човечки, доблесен настан, прв од ваков вид во нашата држава, што се организира веќе 5-та година по ред, размислував: А што ќе јадат денеска 180-те илјади луѓе низ Македонија кои живеат со по 40 денари на ден?  Денешниот светски ден на борба против гладта е секојдневна борба со глад на над 500.000 граѓани низ Македонија кои живеат под прагот на сиромаштија, меѓу нив и деца. И како би било ако домашните мали и средни фирми кои несебично се вклучија во денешната заедничка акција и донираа храна, би биле поддржани финансиски од државата за да можат да отворат нови работни места и да даваат повисоки плати? Тогаш граѓаните ќе можеа сами да си купат храна, каква што сакаат. Како ќе беше ако на државата и беше најважен граѓанинот и ако социјалната помош беше повисока за 60 проценти? Со тоа луѓето наместо да преживуваат со 2.500 денари, чекор по чекор би се извлекувале од сиромаштија. Да, и тие тогаш би можеле сами да си купат храна. И кога би имало законски утврден минимален приход за секој човек, никој не би бил гладен. И кога државата би вовела социјална дебитна картичка, никој во ниеден момент не би останал гладен. Ако родителите со минимални приходи би можеле да го згрижат своето дете во градинка, бидејки ќе плаќаат минимално за услугата, нели би биле поспокојни? Ако самохраните родители со мининални приходи бидат целосно ослободени од комуналии, нели би можеле полесно да ги прехранат своите деца?

Почитувани сограѓани, со право се чувствуваме корисно, бидејки низ нашата заедничка Банка за храна, овде во нашата Струмица, до денес солидарно се споделени 18 тони храна. Изразувам благодарност до сите кои несебично се вклучија во овој благороден проект. Но истовремено посакувам, и уверен сум дека тоа многу брзо ќе се случи – доаѓа времето кога заедно ќе се избориме со гладта. И оваа Банка за храна ќе биде само потсетник на нашата хуманост, бидејки ќе има храна. Ќе има и храна и достоиствен живот за сите граѓани, во сите градови во нашата земја, Република Македонија, рече градоначалникот Заев.

Благодарност до градоначалникот Заев и општина Струмица упатија Душко Христов од Банка за Храна, Ленче Христова од Организацијата на жени и самохраната мајка Дивна Стојанова, која нагласи дека социјално ранливите семејства се заборавени од институциите на државата.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Митрески: Досега се нема случено во историјата на Собранието, ниту еден амандман да не е прифатен

(ВИДЕО) Тренчевска: ДПМНЕ одби амандман на СДСМ за изградба на пречистителна станица за отпадни води

Горан Наумовски

СДСМ: Мицкоски повторно демонстрира лицемерие и паника по консолидацијата на СДСМ

Мицкоски „не е импресиониран“ од новото раководство на СДСМ

Каранфилова-Пановска: Убедена сум дека ќе го вратиме угледот, поддршката и победите на СДСМ

Конгресот го избра новиот состав на Централниот одбор на СДСМ

А1он