(ВИДЕО) Заев: Нема појдовни платформи, има предлог програма за Влада која нуди заштита на унитарноста на Македонија

Од:

Процесите полека ги дефинираме, имаше две неразумни причини од Иванов за недоделување на мандатот и со тоа се изместија сите процеси кои што треба да течат во нормален тек. Со целосно право како човек и партија позади кои стојат 67 потписи имам право да очекувам да биде доделен мандат за да направиме обид да формираме Влада, рече лидерот на СДСМ, Зоран Заев одговарајќи на новинарски прашања.

Според него, мудроста, присебноста и толеранцијата ги ставиле во позиција да имаат разбирање дури и кога причините за недавање мандат се неразумни.

– Презентиравме програма на новата Влада за да докажеме дека нема веќе појдовни основни политички партии, програми, платформи, декларации или изјави, туку има програма за Влада на Македонија која во својата преамбула има заштита и унапредување на унитарноста на државата, Уставниот поредок на Македонија и ЕУ и НАТО, рече Заев.

Лидерот на СДСМ потсети дека денеска до Собранието доставија иницијатива за продолжување на конститутивната седница потпишана од 67 пратеници и кажа дека се надева дека Собранието наскоро ќе продолжи со работа и ќе се избере нов претседател на Парламентот.

Александар Тодески

Би можело да ве интересира

СДСМ: Одлука на Уставниот суд за Резолуцијата веднаш по најавите на Мицкоски и Николовски за носење „економски работници“

Уставниот суд ја отфрли иницијативата на СДСМ за Резолуцијата за миграцијата

Жерновски: Истрага за Гренел во САД – од Вашингтонскиот периметар не остана ниту милиметар

СДСМ: Јасно е дека кривичната против Јани Макрадули е по нарачка

СДСМ: Истовремено соопштение на ВМРО и на Платформата 12 И 05, ист ракопис, иста порака

Катерина Ѓуровски

„Платформа 12:05″: Изборите во Брвеница потврдија дека Филипче одработува за власта

Катерина Ѓуровски