(ВИДЕО) Заев: Не знам кој космонаут видел избори од Месечината ама вонредни парламентарни избори нема да има

Од:

Предвремени парламентарни избори нема да има, изјави премиерот Зоран Заев, како одговор на вчерашната изјава на Мицкоски дека дури и од Месечината се гледа дека ќе има предвремени.

„Не знам јас тоа кои космонаути гледаат од Месечината како тоа ќе се случува, но јас тврдам дека вонредни парламентарни избори нема да има, заради тоа што не носат ништо добро на државата“, рече Заев.

Според него, Македонија веќе помина неколку пати низ вонредни парламентарни избори и само изгуби од тоа.

Заев ги наброја општините од чии градоначалници е задоволен како работат, но рече дека сепак реакциите на народот ќе бидат пресудни дали тие повторно ќе бидат кандидирани на претстојните локални избори.

„Лично јас имам свои ставови. Ќе застанам зад неколку кандидати, Валандово, Богданци, Дојран, Конче, Кочани, Штип, Старо Нагоричани Крушево, Маврово Ростуше, Демир Капија“, рече Заев.

Би можело да ве интересира

Мицкоски до Филипче: Мерките даваат резултат, инфлацијата e ниска

(ВИДЕО) Мицкоски: Намалени акцизите за горивата, ДДВ од 10% останува до крајот на кризата

(ВИДЕО) Мицкоски: После следните избори СДСМ ќе биде маргинална политичка партија

(ВИДЕО) Филипче: Обвинителството е под политичка контрола на Мицкоски

(ВИДЕО) Филипче: Мицкоски доцна ги прифаќа мерките на СДСМ – граѓаните веќе ја платија цената

(ВИДЕО) Мицкоски: Дизелот поевтин за 4, бензините за 2 денара по литар