(ВИДЕО) Заев: Наша цел е младите да останат во Македонија

Од:

На отворениот форум со граѓаните во Штип, претседателот на СДСМ, Зоран Заев зборуваше за перспективите пред кои што се исправени младите во Република Македонија и ги повика младите луѓе да ги искористат можностите што државата ги отвора за нив.

„Една од најважните теми ни се младите. Животот е заради младите. Кога ќе прашаме повозрасен човек што ти е приоритет, вика работа за младите, среќа за децата, да имаат иднина овде. Отворивме постапки со насочување на сите можни ресурси што постојат во државата за да ги задржиме младите луѓе тука.

И затоа ќе им кажам на овде присутните млади луѓе. Немојте да размислувате понатаму да ја напуштите државата. Да ги искористите можностите што веќе се отворени. Буквално со донесување на буџетот во август и почетокот на септември, секој млад човек може од државата да искористи бруто плата и да избере фирма кај ќе работи. Газдата нема да плаќа плата, само да аплицирате по младинската гаранција. Не знам, инженер сте, одите во таа и таа фирма кадешто треба инженер. Правник сте, одите во таа и таа фирма. За првата година имате од државата обезбедено бруто плата.

500 милиони денари се веќе алоцирани во буџетот и веруваме ако треба уште повеќе, ќе ги најдеме. Ако сакате со завршување на факултетот да одите на магистратура и докторат, да аплицирате по младинската гаранција. Согласно младинската гаранција ќе добиете поддршка и помош за аплицирање за магистрирање и докторат.

Ако ви е преку глава од факултет и сакате да работите, ќе добиете директна бруто плата поддршка за тренинг и ваша практична наобразба, со тоа што ќе може газдата после да ве задржи на работа. Конечна цел ни е младите да ни останат тука. Затоа немојте најлесното, куферите. Никаде не е како дома! Ќе најдеме места за соодветни достоинствени плати, заради тоа што без младите нема да ни ја биде државата“ им порача Заев на младите од отворениот форум со граѓаните во Штип.

Би можело да ве интересира

Пожар во куќа во центарот на Штип

МВР со детали за несреќата во Штип

Стабилна e состојба на работникот, кој се здоби со тешки повреди во лифт во штипски угостителски објект

Горан Наумовски

Едно лице почина, а друго се бори за живот по повреди добиени во лифт во угостителски објект во Штип

Заев и Ципрас загрижени за порастот на националистичкиот популизам, ќе работат на зачувување на Преспанскиот договор

Орце Костов

Со автомобил удрил во маса на која седела жена и нејзиното семејство, потоа настанала тепачка