(ВИДЕО) Заев: Наместо државата, проблемите на учениците во Свидовица ги решава општината

Од:

Градоначалникот на општина Струмица, Зоран Заев, денеска го посети подрачното училиште „Даме Груев“ во населеното место Свидовица, во кое наставата беше бојкотирана од страна на родителите поради дотраениот покрив на училиштето, соопшти кабинетот на струмичкиот градоначалник.

Иако, како што се нагласува, овој проблем е во надлежност на Министерството за образование, но по одговорот од таму, дека истиот ќе се реши до 2018 година, градоначалникот Заев и општината одлучија со општински пари да го заменат покривот на училиштето.

– Се реши еден голем проблем на општо задоволство на општината, на родителите и учениците. Дечињата, вкупно 17 од прво до петто одделение, овде во подрачното училиште во Свидовица не посетуваа настава од почетокот на учебната година. Заедно со советниците од општина Струмица и општинската администрација изнајдовме начин да две улици во Струмица кои оваа есен треба да се реализираат со втор асфалтен слој кои се во состојба во која можат да издржат до наредната година, средствата ги пренаменивме директно за промена на кровот на училиштето во село Свидовица и одобрено е веќе од општинската администрација, наредните денови очекуваме тендерот да се распише и до крајот на октомври треба да почнат градежните работи за промена на кровот. Ова денеска им го соопштивме на родителите, на општо задоволство сите прифатија и од понеделник дечињата ќе тргнат на училиште. Сакам да испратам еден апел. Додека Министерството за образование се занимава со тоа, кој наставник, кој учител ќе протестира за своите права од работен однос, или не, како да го спречат протестот или не, апелирам директно да се впуштат во решавање на конкретни проблеми кои што постојат во Република Македонија – рече градоначалникот Заев.

DSC_0399

DSC_0407

DSC_0408

DSC_0409

DSC_0415

DSC_0417

svidovica

Би можело да ве интересира

Мицкоски: СДСМ покажа непознавање за економијата – освен арамилук друго не им е во политичката матрица

А1он

(ВИДЕО) Кузеска: Дали Обвинителство се врати од екскурзија или само Мицкоски работи во ОЈО?

А1он

(ВИДЕО) Жерновски: Македонското обвинителство не може да молчи, да отворат истрага за унгарскиот кредит

А1он

(ВИДЕО) Филипче: Еве го документот, зошто новото задолжување го нема во ребалансот, дали ќе се прекрши законот

СДСМ со ново барање до Владата: Минималецот да скокне на 36.000 денари

СДСМ: Мицкоски може да ја менува статистиката, но долгот расте