(ВИДЕО) Заев на средба со ФДМ во Вашингтон: Поддршка од заедницата на нашите иселеници за референдумот и за патот кон ЕУ и НАТО

Од:

Во рамките на посетата на Соединетите Американски Држави, каде отпатува за средба со потпретседателот Пенс, премиерот Зоран Заев придружуван од заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Бујар Османи и министерот за надворешни работи Никола Димитров, се сретна со претставници на Форумот за демократска Македонија – заедница на иселеници од Република Македонија и нивните потомци од целиот свет (ФДМ).

Премиерот Заев се заблагодари на заложбите и активностите на претставниците на Форумот за демократска Македонија во промовирање на државата и нејзиното културно наследство низ светот, како и за афирмацијата на стратешките интереси на Република Македонија. Зборувајќи за референдумот кој ќе се одржи на 30 септември, премиерот Заев ги повика сите граѓани од Република Македонија кои живеат во странство, да ги поддржат напорите и процесите кои водат кон подобрување на демократијата, како и кон унапредување на економијата и животниот стандард на сите граѓани во нашата земја.

Претставниците на ФДМ од Вашингтон и Њујорк го потврдија нивниот став дека референдумот на 30 септември е единствениот пат кон полноправно членство на земјата во НАТО и Европската Унија. Дополнително, тие порачаа дека секој треба да учествува во демократските процеси за развој на Република Македонија и повикаа Владата да продолжи со инклузивен пристап во градењето политики и носењето одлуки за доброто на сите граѓани во земјата.

Би можело да ве интересира

Зеленски признава: Разговорите со Вашингтон се тешки, но клучни

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Американската војска уништи брод на наводни дилери во Тихиот Океан

Заев до Груевски: Можеше да ја одлежиш казната, да бев јас некој друг ти ќе добиеше многу повеќе

Горан Наумовски

„Дер Шпигел“: Макрон предупреди дека САД би можеле да ја „предадат“ Украина

САД ја продолжуваат лиценцата за одредени меѓународни операции на Лукоил до 29 април 2026 година

Груевски: “Кo o чему, Заев и Филипче о поштењу“