(Видео) Заев на „Фејсбук“: Северна Македонија се менува кон подобро

Од:

Добрите вести за почеток на преговорите со Европската унија и за членството во НАТО се силна порака за младите во нашата земја. Северна Македонија се менува кон подобро – овде може да се живее добро, а развојот ќе биде побрз само ако младите се ангажирани, тука во својата земја, вели премиерот Зоран Заев во видео-пораката што ја објави на неговиот профил на „Фејсбук“.

Тој нагласува дека посетата на американскиот државен секретар, Мајк Помпео, е од големо значење за земјата.

„Верувам дека добрата вест од Брисел позитивно ќе влијае врз целиот регион, ќе биде испратена пораката дека Западен Балкан е интегрален дел од Европа, ќе биде награден напредокот на реформите и решавањето на тешките проблеми“, вели Заев и додава дека тоа ќе ги охрабри и другите земји во регионот да покажат храброст во решавањето на тешките прашања.

Би можело да ве интересира

Притворен е 49-годишен маж од Тетово кој „делеше“ закани на Фејсбук

Горан Наумовски

Дали Зоран Заев му понудил стик со прислушкувани материјали на поранешен бугарски премиер, прашува ВМРО-ДПМНЕ

(ВИДЕО) Николоски: Венко Филипче и СДС се во целосна координација на нивниот лидер во сенка-Зоран Заев

Горан Наумовски

Заев му одговори на Мицкоски: Очаен обид на неспособниот премиер да го пренасочи вниманието на јавноста од неговите неуспеси

„Гугл“ и „Фејсбук“ ќе купува струја од Македонија, најави Мицкоски

Горан Наумовски

ЕУ става крај на политичкото рекламирање на Фејсбук и Инстаграм, новите правила на сила од октомври

Предраг Петровиќ