На новинарско прашање на денешната прес конференција на лидерот на СДСМ, Зорн Заев, дали очекува да биде уапсен другата недела, во среда?
Тој рече:
Груевски и Мијалков и сé е можно. Секако, уште на првата прес конференција и ова сценарио го отворивме како можно од страна на дрските и безобразни поединци во оваа власт. Но, знаете дека сме подготвени и апсолутно ништо не може да ја спречи целата вистина да допре до граѓаните.
Во продолжение сите одговори на Заев:
П2: Господине Заев, коментар за изјавата на Јоханес Хан дека целиот случај треба преку институциите да се реши?
Преку овие правосудни системи на Македонија? Најавив на оваа прес конференција дека следуваат и други докази и аргументи за правосудството. Ова безобразие коешто го објавивме на последната прес конференција само покажува како се местени судии, како се разрешувани судии, како се местат судски одлуки, како се местат нивни партиски членови за судии и поддржувачи. Верувајте, ова е само најава за подготовка на јавноста што се случува во нашето судство и во нашето обвинителство. Институции на системот во Република Македонија не постојат, заради тоа и не сме во Парламентот 8 години. Право и правна држава во Македонија нема. Тоа го кажува извештајот на Европската Унија неколку години наназад, извештајот на Стејт Департментот и сите други извештаи коишто стигаат до нашата Македонија.
П3: Господине Заев, денеска Фокус објавува дека адвокатската канцеларија на Мијалков е упадната во судскиот процес Пуч, односно се адвокати на некои од обвинетите. Се добива впечаток дека практично власта подготвува некакви сведоци коишто би зборувале против вас и кои можеби ќе дадат многу поинаква димензија на целиот случај. Очекувате ли вие дека вашите извори би се појавиле во една судска постапка затоа што во еден дел очигледно ќе биде борба сведок против сведок?
Прво, не очекуваме правна разрешница на овие случаи од проста причина што не веруваме. Гледате, сепак поднесуваме кривични пријави поради тоа што сакаме да оставиме траг и сакaме да покажеме дека го почитуваме и Уставот и законот во Република Македoнија. Имаме добар Устав, добар закон. Не чинат поединци во правосудниот систем. Прво, заради тоа што еден мал дел се директни извршители на властодршците како поединци од извршната власт. Останатиот дел се чесни луѓе таму што работат. Голем дел од нив се под притисок, па тоа го прават. Јас се надевам дека ќе се охрабрат и одважат, ќе испишат историја, ќе помогнат на нивната, на нашата Македонија.
Но истовремено, многу ми е драго што вие, новинарите, совеста на Македонија, тоа го препознавате. Што се случува со некои од притворените? Господ знае само низ што минуваат луѓето таму. Само Господ знае, од ваква забегана власт. Но, апсолутно сé е можно и секаков вид на сценарио е можно да разработат овие луѓе коишто ја водат Македонија. Зошто? Заради тоа што знаат дека се работи за нивна кожа. Но и тоа, вистината не може да ја спречи. Вистината е само една и вистината имаат право да ја знаат сите граѓани во оваа наша земја.
П4: После вашите бомби експлодираа и судски бомби, пред неколку месеци во судот во Скопје а претходно во Тетово, Куманово итн. Не се тие автори на овие вистински бомби. Кој е вашиот коментар за ова?
Може да додадам само одговор, барем мене веќе ми е се јасно. Се ми е јасно што се случува во оваа земја. Сите прозорци и врати се отворени. Запрепастен сум. Не дека не сум очекувал, но до толку, апсолутно никој не очекувал. Затоа како ги објавуваме доказите и аргументите и вам ќе ви стане се јасно. Апсолутно сите знаеме кој е должен да открие сторители на вакви или на слични случаеви во Македонија, и тоа не се прави. Има намера, има мотив зашто тоа се случува и секако ќе го дознаат граѓаните.
П5: Каква разрешница очекувате ако не преку институциите? Што ќе се случува?
Не очекуваме правна разрешница.
П6: Каква разрешница очекувате?
Политичка разрешница очекуваме. Политичка разрешница којашто значи оваа власт и ова зло да заминат.
П7: Можеби и досега ве прашале меѓутоа во последниве денови многу се шири фама дека вие улична револуција и насилно превземање на власта?
Ние сме истиот Социјалдемократски сојуз. придружуван со своите коалициони партнери. коишто бевме сиве овие скоро 9 години во опозиција. Ние сме истите луѓе , ние сме тие коишто не гледате со сите наши предности и слабости. Неколку работи тврдам, овој процес којшто го отвораме не може да предизвика меѓуетнички конфликти. Овој процес ги сплотува граѓаните од сите етнички заедници. Го чувствувам тоа силно, го чувствувате и вие. Може некој политичар да се обиде, но, со секој нов доказ шансите за успех на таков политичар му се никакви. Тоа е добро за нашата земја.
Втората работа, велам никогаш повеќе да не се повтори. Не може Заев и опозицијата да објавуваат вакви докази и аргументи а во иднина некој друг да си дозволи вакви работи во нашата земја. Тоа само по себе покажува дека сакаме внимателно да го истуркаме процесот којшто на Македонија ќе и даде шанса за убава иднина а не да ја врати неколку чекори назад. Секако знам дека се згрозени граѓаните, но, апсолутно и јавно тврдам и апелирам дека, со доказите, на внимателен начин, ќе падне оваа власт.
Нема никаква потреба од насилство. Не се виновни членовите и симпатизерите на ВМРО-ДПМНЕ, тоа го кажав уште на првата прес конференција. Поединци се во прашање. Затоа апелирам, ова е наша земја и заедно ќе ја градиме во иднина. Заедно сите, и од политички разноликости, и од верски и етнички. Сите заедно, како што сме ја граделе така и ќе ја градиме. Ниту помислуваме. Ни вадат снимки од пред не знам колку месеци каде што наши членови тренираат, тренираат апсолутно. Да не влегуваме во вакви работи. Дури и кога беа протестите знаете кој организираше контрапротести, кој ја нападна зградата на Социјалдемократскиот сојуз на тој 24-ти декември. И тогаш бевме само во одбрана на нашата партија каде што има документи, докази, наше членство, наши стратегии. Апсолутно си го заштитивме нашиот интегритет. Ниту имаме намера, ниту ќе дозволиме нешто вакво да се случи. Ќе менаџираме во спротивен правец, да биде во интерес на граѓаните и на државата.
П8: Дали после ова сега би седнале во техничка влада?
Ја реков јавно. Техничката влада беше прецизирање на формулација за практична гаранција за фер и демократски избори. Можеме да донесеме какви сакаме закони. Побаравме и практична реализација на тие закони, да биде гарантирана и ги спомнавме четирите министерства, Министерството за внатрешни работи, за финансии, Министерството за труд и социјална политика, и за земјоделство. Сега веќе сите знаеме дека тоа не е така. Ќе ги објавиме нашите очекувања во моментот кога ќе дојде. Но, вие сами ги наговестувате и сами ги осознавате.
Прво мора да има гаранција на слобода и демократија прво. Мора да има. После тоа, гаранција на слободно изразена волја на граѓаните. И апсолутно сме подготвени, без какви било суети и без какви било калкулации, се што е во интерес на граѓаните и на државата да седнеме да разговараме, да го изнајдеме решението и секако никогаш повторно да не се повтори ова што се случува.
П9: Како го толкувате молкот од вашите партиски опоненти? Имате ли сознание што се случува во владеачката партија?
Исто како што и вие го толкувате. И ние сме обични луѓе коишто си ја сакаме државата. Јасно ни е дека подготвуваат нешто, не седат така. Подготвуваат нешто. Но што и да подготвуваат, што и да осмислуваат, како да навлегуваат се подлабоко во кашата, можат само штети во Македонија да прават. Апсолутно ниту вистината ќе ја спречат, ниту нас ќе не спречат. Овој процес е можеби шок во моментов за целата земја но верувајте најверојатно мораше да се случи. После шокот доаѓа сонце, доаѓа убава иднина на нашата земја. Затоа реков уште при првата изјава радувајте се. Процесот што ќе го почнеме ќе ја донесе слободата демократијата и европските вредности во државата.