(ВИДЕО) Заев: Ќе се обидеме пред вторник да постигнеме решение за спорот со Бугарија

Од:

Премиерот Зоран Заев вели дека овие денови ќе се интензивираат преговорите со Бугарија и дека Владата ќе се обиде пред вторник да постигне решение.

„Вистински европски политичари мора да му дадат шанса на процесот и да најдат начин да се согласат. За тоа имаме и директна поддршка од канцеларката Меркел. Вчера имавме конструктивни разговори во пријателска атмосфера, разговаравме како соседи кои имаат намера да ја обезбедат европската иднина на регионот и се надевам така и ќе продолжиме“, рече Заев.

„Искуството во преговорите со Грција ме научи дека, на Балканот, кога се работи за вакви прашања, вистинско решение може да постои само ако двете страни од преговорите излезат како победници. Во овој момент се уште не сме стигнале дотаму во разговорите со Бугарија, но пред нас постојат услови за тоа“, рече Заев.

Тој вели дека ќе продолжат да разговараат, но не мисли дека тој процес треба да се случува преку јавни препукувања.

„Се разбира, ние ќе информираме суштински и на време за овие важни прашања, но нема да правиме шоу од овој сериозен момент за нашата европска иднина. Удирањето во гради е можеби атрактивно за домашната јавност и во двете земји, но не ја зголемува шансата за решение, и ние нема да го правиме тоа. Ние имаме свои јасни и прецизни позиции и ќе продолжиме да работиме со Бугарија во изнаоѓање на победничко решение. Македонските идентитет и гордост се и ќе останат големи како планина и без да мораме да правиме националистички спектакл од тоа“, рече Заев.

Според него, многу е важно, како комшии и пријателски земји, заедно да чекориме на патот кон ЕУ, поддржувајќи се едни со други, бидејќи само така ќе донесеме напредок за сите граѓани.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Стојаноска за средби Заев-Мицкоски: Не можам ниту да потврдам ниту да демантирам

Александар Тодески

Фирми на Мијалкови и на Трајче Заев должат четири милиони евра за ДДВ: Кои се најголеми должници на УЈП

Орце Костов

Нова провокација во клучен момент – Бугарското МНР за реакциите во земјава за децата од „Мал битолски Монмартр“

Катерина Ѓуровски

Бербок: Договорената промена на Уставот да не се користи во натпреварот за популарност или да добивка на изборите

Македонската телевизија не се емитува во Бугарија, Ковачевски ќе бара одговор од МНР зошто

Катерина Ѓуровски

Гаши ја потврди средбата со Заев

Ана Ололовска