(ВИДЕО) Заев: Изборите ќе се одржат кога трајно ќе се обезбеди здравјето на граѓаните

Од:

Лидерот на СДСМ Зоран Заев рече дека во текот на викендот биле правени сериозни анализи во однос на одржувањето на изборите и дека се надева дека заедно со останатите политички партии ќе изградат став за одложување на изборите на 12 април, а потоа ќе се договорат за нов датум.

„Дефинитивно тоа што се случува кај нас, добро е што е под контрола, но сепак едно знаеме, дека ризикот на одржувањето на изборите ја прави понепријатна состојбата, треба да се оди на гласачките места итн. Наш став е дека изборите треба да се одржат кога трајно ќе се обезбеди здравјето на граѓаните“, рече Заев.

Предлогот за одложување на изборите, рече Заев, ќе биде презентиран на денеска закажаната седница на Советот за национална безбедност. Лидерот на СДСМ рече и дека очекува претседателот Стево Пендаровски да свика лидерска средба.

За тоа кој би бил новиот термин треба да постигнат договор политичките партии, но, како што рече, тоа би требало да се случи кога ќе биде безбедно за граѓаните.

Тој се заблагодари на здравствените работници, полицијата, армијата, новинарите и сите оние кои придонесуваат за справување и навремено информирање за состојбата со коронавирусот.

„Се справуваме со непредвидлив вирус каде потенцијална жртва е секој од нас. Да нема нови жаришта, да не броиме жртви туку излекувани. Сликите да не бидат како Вухан во Кина или во Северна Италија. Но, за да се случи тоа треба максимална ангажираност од секој од нас. Да се однесуваме одговорно и зрело зошто се работи за нашето здравје и за здравјето на нашите најблиски“, рече тој.

Би можело да ве интересира

Ковачевски за средбата со Заев и Ахмети: Зборувавме за настапот на партиите на изборите и за членството во ЕУ

Александар Тодески

Ковачевски за писмото на Заев: Во демократија секој има право на став

Блиски луѓе на Заев ќе работат за фирма на белоруски конзул во Македонија: Кој ќе копа јаловина во РЕК Битола за 25 милиони евра

Орце Костов

Ципрас во Струмица на гости кај Заев

Заев: Очекуваме грчката страна да го исполни делот од Преспанскиот договор кој се однесува на патоказите

Груби: Ќе има Албанец премиер, договорија Ахмети и Заев, потврди и Ковачевски

Катерина Ѓуровски