(ВИДЕО) Заев: Истрагата за „Рекет“ води кај Мицкоски

Од:

На денешната прес-конференција, премиерот Зоран Заев коментирајќи го фејсбук статусот на еден од преговарачите на ВМРО-ДПМНЕ, Антонијо Милошоски, кажа дека лично смета дека истрагата за предметот „Рекет“, води кај претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

„Секојпат сум стоел принципиелно зад системи, зад организации, зад создадени вредности во државата. Не е важен ниту еден поединец. Вилма Русковска води сериозни предмети, за огранизаторите на настаните на 27 април, случајот „Рекет“, а веројатно и многу други. Не можете да дозволите затоа што му паднало на памет на Заев или Мицкоски, да го смените обвинителот што води вака актуелни случаи на десет месеци од својот мандат што трае четири години. Не можета да испратите порака дека Заев или Мицкоски се плашат предметот да не стигне до нив. Истрагата треба да тера до крај. Вредностите и принципите мора да ги почитуваме“, рече премиерот.

„Лично мислам дека истрагата за „Рекет“ води кај Мицкоски, ама тоа е мое лично мислење. Јас можам да мислам што сакам, истрагата треба да покаже каде води предметот“, рече Заев одговарајќи на новинарското прашање.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Мицкоски: Дебакл за СДСМ, изборните резултати се потврда дека изиграната доверба има последици

Горан Наумовски

Мицкоски: Наметнатиот билатерален спор нема да ја запре европската агенда

Мицкоски: Приоритет ни се реформите и проектите, не изборите

(ВИДЕО) Мицкоски: 2026 година ќе биде година на големи и крупни чекори

(ВИДЕО) Филипче категоричен: Мицкоски бара алиби за предвремени избори, СДСМ нема да биде покритие за ова сценарио

Горан Наумовски

МНР: Неаргументирани коментари не се европски, потребна е почит кон Македонија

Горан Наумовски