ВИДЕО: Заев им ја честиташе Новата година на децата со аутизам

Од:

Градоначалникот на општина Струмица, Зоран Заев, денеска, престојуваше во паралелките за образование на деца со аутизам при основното општинско училиште „Сандо Масев“.

Ова е традиционална средба која секоја година се одржува пред новогодишните празници, а на која градоначалникот Заев покрај континуираната помош, лично им ја честита Новата година посакувјќи им и на децата се најубаво во истата.

-Оваа година ја завршуваме успешно во соработка со вработените од центарот за аутизам, со дечињата и нивните родители, а намерата е да продолжиме да ги унапредуваме делот на образовниот процес и секојдневието на децата. Се надевам дека оваа година, еве денеска се усвојува и буџетот, ќе можеме да се израдуваме доколку советниците изгласаат дополнително инвестирање во овие паралелки со аутизам купувајќи ја сензорната соба која што им е потребна на дечињата во нивниот образовен процес. Исто така се надевам дека со идни поддршки кои се вклопени во развојните планови на општина Струмица, ќе бидеме партнери во развојот на овој центар за аутизам заради тоа што неговото модернизирање ќе значи квалитетен живот за децата со аутизам и секако квалитетно нивно образование. Истовремено, еве, денеска традиционално 10 години по ред ја користиме приликата пред Нова година заедно со Дедо Мраз на дечињата со аутизам да им бидат поделени пакетчиња, уште еднаш да поразговараме за сите овие потреби и секако да си ја честитаме Новата 2016 година, рече градоначалникот Заев.

1

Од името на учениците и наставниците за поддршката се заблагодари Спасе Додевски, дефектолог во училиштето.

-И оваа година градоначалникот Зоран Заев ги удостои дечињата со аутизам и нас вработените, тргнувајќи од принципот дека ништо на светот не е поважно од детската насмевка и овој пат им подаривме малку љубов, емоции и разменивме заедно мислења и планови за идниот период. Се надеваме дека помошта и великодушноста од Градоначалниокот ќе продолжи со што овие паралелки за аутизам ќе ги развиваме на повисоко ниво, рече Додевски.

Би можело да ве интересира

Водата и во Општина Василево не е за пиење и употреба

Катерина Ѓуровски

Поради сообраќајка во прекин сообраќајот на патот Струмица – Валандово

Владата нуди помош за решавање на проблемот со водата за пиење во Струмица

Струмичани ќе добиваат вода за пиење од апарати и канистри поставени во сите училишта и градинки

Катерина Ѓуровски

АХВ: Водата во Струмица не е за пиење, има манган и колиформни бактерии

Горан Наумовски

Осуденик излегувал од затвор за да краде и ограбува