(ВИДЕО) Заев и Шекеринска донираа пари за демонстрантите со кривични пријави

Од:

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев, заедно со заменик претседателката на партијата, Радмила Шекеринска и Дамјан Манчевски донираа пари за демонстрантите од Шарената револуција кои заработија кривични пријави поради бојадисување на државните институции и на Триумфалната капија во центарот на Скопје.

Тие и претходно најавија целосна поддршка за барањата на Шарената револуција, како и за нивните идни делувања.

– Денеска се приклучивме на оваа солидарна акција која што ја организираат граѓаните на Македонија. Сите оние, особено млади луѓе кои што излегоа на улиците на Скопје, на целата наша држава не се надвор за да ги чуваат само своите права, тие водат битка за сите нас. Сега е моментот кога треба да покажеме дека сме тука да им помогнеме. Денес во Македонија се оди во затвор ако украдете 100 кебапи, а не се оди во затвор ако ја крадете, како што власта тоа го прави, целата држава, рече Шекеринска.

Александар Тодески

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Лукаревска: Вториот ребаланс не носи ниту економски развој, ниту подобар животен стандард за граѓаните

Петрушевски: Филипче и СДС не беа вака гласни кога од Венецуела се влеваа 110 милиони евра во Еуростандард

СДСМ: Славески призна дека Мицкоски одлучил за влезот на Алта банка, бараме итна истрага

Кузеска: Во ист ден имаме две признанија пред јавноста кој ја донесе Алта банка, обвинителот Савески има обврска да реагира

Предраг Петровиќ

Петрушевски: Филипче и партнерите од СДС треба да одговараат кривично за саботажа на банкарскиот систем во државата

СДСМ: Каков мандат, таков извештај – катастрофата на Мицкоски потврдена од Брисел