(ВИДЕО) Заев: Груевски и Ахмети ги направија изборите на 5-ти јуни невозможни

Од:

Целиот овој процес Социјал-демократскиот сојуз и здружената опозиција поставија правила на принципиелност и држувење до зборот. Но истовремено испрати сериозна порака до целиот наш народ за нашата конструктивност и сериозност во заложбите на сето тоа што го создаде Пржинскиот договор. Оттука, создадовме две независни институции на којшто се радувавме сите, надевајќи се дека ќе го прошират амбиентот на демократски институции во Република Македонија. Една од тие институции е Државната изборна комисија. Ние денеска повикавме на здружување на Платформа, повеќе од СДСМ и нашата коалиција. Утре веќе ќе го имаме состанокот со коалиционите партнери и таму ќе го разгледаме истото ова прашање, но истовремено потенцирам и истакнувам дека сериозноста на институциите на којшто се радувавме и ги создадовме, а тоа се двете, СЈО и ДИК се доволен силен аргумент да внимателно изанализираме и постапиме. Истовремено , знаете дека со поднесување на оставка членовите на ДИК нема ниту каде да ја поднесат својата оставка. Целото тоа ни дава за право да внимателно изанализираме и штом ќе имаме одлуки веднаш ќе ги соопштиме, одговори Заев на новинарско прашање, дали ќе се повлече СДСМ од ДИК.

Во продолжение сите прашања и одговори:

П2: Тоа значи дека утре ќе се знае дали ќе ги повлечете членовите на ДИК?

Ако утре ја донесеме одлуката, веднаш ќе ја соопштиме преку вас новинарите до сите граѓани на Република Македонија.

П3: Денеска во 2 часот кај претседателот на Собранието Вељановски биле претседателот на ДИК Чичаковски и потпретседателот Прекопуца. Имате ли информации за тоа , бидејќи Вељановски покажал спремност дека може и порано да ги распише изборите, наместо на 15-ти на 13-ти април?

Тоа е целосно право на господинот Трајко Вељановски како претседател на Собранието на Република Македонија и не е нешто ново , тој тоа го најави пред неколку дена.Секако уставот и законот му го даваат тоа право. Јас една работа само ќе потенцирам. Знам дека роковите се врзани согласно таа одлука за завршување на конечниот избирачки список. Согласно член 43 став 3 од Изборниот законик тоа значи ден после распишувањето на изборите МВР и другите институции се должни да достават конечен, прочистен избирачки список, но истовремено роковите се врзани од почнувањето на течење на роковите за јавен увид. Така да, просторот за маневри е некаде пред 16-ти април. Негово е правото, а истовремено потенцирам и дека секој важен момент којшто ќе помогне кон прочистување на избирачкиот список , а тоа е значаен минимум услов за фер и демократски избори е во полза. Така да, немаме некој контра коментар или коментар за подршка за оваа работа.

П4: Две прашања . Од вчерашната ваша прес – конференција до денеска дали има притисок од меѓународната заедница да одите на избори. Второ прашање, бидејќи очигледно не идете поради условите кои ги барате, што понатаму?

Еве денеска го почнуваме првиот чекор за понатаму. Со носење на едностраната одлука од страна на ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ тие овозможија во Република Македонија изборите да бидат невозможни. И едно е јасно. На 5-ти јуни се невозможни избори. Остануваме верни на принципите фер и демократски избори. Слободни избори се конечен доказ за слободата во Македонија. Од целиот овој аспект, опозицијата ги има сите алатки во земја во којашто има Устав и закони да ги користи во борбата за враќање на слободата и демократија. Не дефиниравте вие новинарите , но и граѓаните што карактер носиме , каков е видот на борбата што ја водиме и колку трпение имаме за оваа работа. Но , треба да знаат сите дека и трпенијата привршуваат. Ние дадовме шанса на зелената маса. Пржинскиот договор има конечна цел , фер и демократски избори. До сега од трите минимум услови, да ги оставиме реформите во судството, да ги оставиме реформите на народниот правобранител, тајните служби на Македонија и другите сугестии на Прибе извештајот , минимум услови беа три . Разграничување на партијата од државата, регулација на медиумите и прочистување на избирачкиот список. Првиот услов е невозможно да се исполни и тој не е исполнет. Секојдневно го гледаме Груевски по Македонија и притисоците продолжуваат. Последната шанса за реформи во медиумите беше одбиена пред некој ден во парламентот. Веќе нема Парламент за да се направи некој законски осврт за реформи во медиумите. Прочистувањето на избирачкиот список завршува на 16-ти и треба да сочекаме тоа што е обврска на независната институција Државна изборна комисија којашто ја повикуваме повеќе од месец дена да се изјасни по ова прашање. Ако не се исполнети минимум условите во овој дел , што е смислата на пржинскиот договор? Уште еднаш потенцирам. За нас нема друго решение за излез од политичката криза и враќање на стабилноста во Македонија и со тоа гарантирање на добрата иднина на нашата земја , освен пржинскиот договор. Оттука, опстојуваме до крај принципиелно , стоејќи зад своите принципи како гардијан заштитници на тоа што се бориме , тоа е наша обврска како опозиција и на сите борци за слобода и демократија и враќање на Македонија во нормала. Но истовремено, даваме шанса во делот на конструктивниот процес. Ние знаеме дека нема услови за регуларни избори, заради тоа што не може да се прочисти избирачкиот список и ги знаеме сите детали во делот на прочистувањето на избирачкиот список. Секако , тие рокови истекуваат на 16-ти април , но со едностраниот акт за распуштање на парламентот, вчера бевме принудени да ги поднесеме оставките, заради тоа што нашите министри останаа заробени внатре како што одлучи Груевски и врхушката на власта, посебно и Емил Димитриев којшто дури согласно Устав и закон не ги достави оставките до парламентот, бидејќи ако ги доставење Трајко Вељановски беше должен да ги стави на дневен ред. Сите овие аргументации се повеќе од познати за јавноста, ние само ги конфирмираме и ги потврдуваме во целиот овој дел . А во делот на притисоците на амбасадорите. Не би кажал дека амбасадорите прават некој притисок. Вчера потврдив , фала му на Бога , нашите пријатели од Европа и Соединетите Американски Држави имаат добра намера со нашата Македонија. Ова го споделувам со нашите граѓаните за да знаат дека имаме верни пријатели . Броци за универзалните вредности, за европските вредности , на принципиелен основ согласно Устав и закон. Кога разговараме, разговараме врз основа на аргументите. Аргументите се на маса. Ако не друго , транспаретноста на опозицијата ја знаат и вие новинарите , ја знаат и граѓаните. Ние продолжуваме понатаму да разговараме, но остануваме да се бориме во тоа во што веруваме. Ако го предадеме моментот на нашата верба , тогаш џабе е се. Режимот останува и повеќе Македонија нема да има премиер, ќе има властодржец, анархист , диктатор од секој аспект во Македонија. Ако опозицијата се откаже од борбата тоа да не се случи, кој ќе се бори во Македонија? Од тој аспект, вредни на принципите, стоиме исправено, се бориме транспаретно , за сите наши ставови ќе ја информираме јавноста.

П5: Господине Заев, последните настани дали значат дека веќе не постои пржинскиот договор?

За нас нема алтернатива освен пржинскиот договор. Груевски со едностраната одлука , заедно со ДУИ да го распушти парламентот ги урниса минимум условите коишто пржинскиот договор ги гарантираат. За постигање на целта за постоење на пржинскиот договор. Тоа се регуларни , фер и демократски избори во Република Македонија. Тие со таа одлука ги направија изборите невозможни да бидат во Македонија .

П6: Овој ваш повик за граѓанска платформа, дали значи дека ќе се обидите пак да излезете на улица?

Од целата лепеза на опции што ни стојат на располагање, улицата е секако една. Опозицијата ако не е во изборен процес секако е на улица. И тука не ни бегат и улиците и сокаците и градовите и селата во целата наша земја. Сите опции коишто ни стојат на располагање , секако заедно со сите луѓе што ќе се приклучат на оваа платформа. Уште еднаш ги повикувам сите борци за слобода, сите што негуваат во длабината на својата душа. Дали се таквите меѓу вас новинарите, дали се меѓу бизнисмените, работниците, земјоделците, синдикатите, здруженијата на граѓани, политичките партии од десница , левица , центар без разлика на етничка , верска , политичка или било каква определба да се приклучат , заради тоа што реков не се работи за лични интереси , се работи за Македонија и нејзината иднина.

П7: Што се случува со министрите и замениците поднесоа оставка, но не се констатираа во Собрание. Дали се појавија на работа…

Со едностраната одлука на ДУИ и ВМРО-ДПМНЕ да ги направат изборите невозможни, тие го уриваат целосно пржинскиот договор . Но, истовремено ги заробија министрите да останат во Влада. Треба да знае македонската јавност дека министерот Спасовски и министерката Фросина Ременски не можат да си дозволат непочитување на законот. Еве го доаѓа судењето на Диво насеље, само Оливер Спасовски е овластен за специјалните единици, не може тој да не го потпише тоа, или 47 илјади граѓани ја чекаат социјалната помош. Нема да дозволиме да патата граѓаните од ваквата еднострана одлука на Груевски и а ДУИ. Но, сето тоа коешто е поврзано со изборниот процес којшто веќе е некредибилен, е днадвор од пржиснкиот договор, тие нема да учествуваат во тоа. Правиме правни напори како да ги извлечеме луѓето на опозицијата од Владата. Штом ќе го знаеме тоа согласно Устав и закон, веднаш ќе ве информирам.

П8: Господине Заев дали веима контактирано комесарот Хан бидејќи според Ахмети како што он кажа пред неколку минути, Хан поочно рекол дека треба него да му се остави улогата или понатамошните чекори на опозицијата. Дали имате контактирано со Хан?

Вчера се слушнав неколку пати со комесарот Хан, како и со дипломатите од нашата земја. Имавме многу конструктивни разговори и уште една аргументите беа на маса со разговорите, иако разговорот со комесарот Хан беше телефонски. Јас очекувам дека пријателите на Македонија тоа е Европската комисија којашто ја води Хан, ја очекувам мадам Могерини исто така, којашто е на повисоко ниво од комесарот Хан, очекувам дипломатите да продолжат да и помагаат на Македонија на принципиелен начин согласно Устав, закон и меѓународните резолуции коишто нашата земја ги има усвоено. Уште една споделува, луѓето имаат добра намера со нашата Македонија. Секако тие својот дел како пријатели го завршуваат во функција принципиелна за иднината на Македонија. Прашањето е ние граѓаните што правиме, еве опозицијата останува верна на своите ставови и уверувања и одиме понатака. Ги повикувам сите други да се приклучат на таа платформа, заедно рамо до рамо со СДСМ, подеднакви, вредни како граѓани, градиме граѓанско општество вредно за сите коешто ќе ја конзумира и ужива слободата, ќе ја ужива демократијата. Тоа граѓаните на Македонија го заслужуваат.

П9: Повеќе пати до сега кажавте дека материјалите што ги поседувавте ги предадовте на Специјалното јавно обвинителство. Дали тоа значи дека дефинитивно проектот Вистината за Македонија нема да продолжи?

Една работа. Јас реков Груевски и се е можно. Во делот на прашањето дали паѓа пржинскиот договор најголем дел од луѓето и вие новинарите целите кон дали СЈО ќе опстои, дали ДИК ќе опстои како продукт на пржискиот договор. Уште еднаш велат, Груевски и се е можно. Нема да ме чуди ништо друго ако направат начин да го укинат СЈО преку Уставниот суд. Јас се надевам дека толкаво безобразие нема да се случи во Македонија. Но, ако се случи, нема друга државна институција којашто треба да ги поседува тие материјали. Тие се должни да ги вратат во опозицијата од каде што ги добија. Ние сите материјали коишто ги поседувавме, уште еднаш одговорно тврдам дека сите материјали коишто ги поседувавме ги предадовме до СЈО.

П10: Ако може уште едно прашање. Значи СДСМ дефинитивно ги бојкотира изборите на 5ти јуни, а денеска повикувате на другите партии, граѓанските организации да се приклучат во бојкотот на изборите, така?

Груевски и Ахмети со едностраната одлука ги направија изборите во Македонија невозможни. Зоран Заев, СДСМ, опозицијата, и сите кои ќе се приклучат верувам, заради тоа што можам да тврдам за себе и за СДСМ, немаме намера да ги гледаме на телевизија изборите. Ние се бориме за слобода и демократија на Македонија, ќе ги искористиме сите можни алатки и опции коишто ни стојат на располагање согалсно Устав и закон во нашата земја. Повикувам на здружување во заедничка платформа каде што заедно ќе ги дефинираме, јас ги најавив начелата на таа платформа во ова мое обраќање, но заедно ќе ги дооформиме, ќе се здружиме и ќе продолжиме искрено и исконски да се бориме за нашата заедничка Македонија.

П11: Господине Заев со оглед на тоа што велите дека контактите со меѓународната заедница продолжуваат, очекувате ли вклучување на Могерини во макиедоснката криза, можеби очекуваме на 13ти вечерта или на 14ти нова пржинска средба или нов анекс на пржинскиот договор?

Се што е во интерес на Република Македонија и нејзините граѓани е прифатливо за СДСМ. Се што е контра слободата и демократија и враќање во нормала на државата ние сериозно ќе се спортивставиме како што тоа и досега го правевме. Согласно тоа сите опции коишто ќе бидат понудени од било кој во државата. Од меѓународните претставици, од претставниците на европските или американските институции, за нас ако е во интерес на државата, ние сме тука.

П12: Уште едно прашање. Велите дека изборите нема да ги гледате на телевизија. Колку на маса се оставки на сите функционери од опозицијата од сите институции, вклучително и градоначалниците?

Гледате како убаво ги развивате опциите коишто ни располагање. Имаме лепеза на опции коишто нис тојат пред нас се додека се бориме и веруваме во вистинските вредности и транспаретно зборуваме за нив без било какви задршки. Сите опции се на располагање коишто опозицијата ги има пред себе.

Би можело да ве интересира

СДСМ наредната недела ќе почне со подготовки за отчетниот Конгрес, а потоа и за внатрепартиските избори

Оставки по поразот – И Лукаревска заминува од потпретседателското место во СДСМ

Анита Петровска Рајковиќ

Деспотовски: Пропуштивме огромна шанса да го направиме првиот чекор кој почнува со одговорност од врвот

Орце Костов

Ковачевски го призна поразот: Денешниот резултат е разочарувачки, на СДСМ му е зададен тежок удар

Анита Петровска Рајковиќ

ВМРО-ДПМНЕ 227.944 гласови, СДСМ 77.658 гласови од 63% обработени избирачки места

Орце Костов

ВМРО-ДПМНЕ со голема предност пред СДСМ, покажуваат бројките на партијата