(ВИДЕО) Заев: Груевски да одговори за милијардите на Сашо Мијалков

Од:

Господине Груевски, одговорете ѝ на јавноста дали фирмите, бизнисите и соработката меѓу тесното семејство коешто е на чело на државата осиум години, го направија милијардер човекот од кого направивте да им се тресат коските на оние кои го споменуваат неговото име, Сашо Мијалков, пишува СДСМ во реакцијата на прес конференцијата на ВМРО ДПМНЕ во која лидерот на СДСМ Зоран Заев, се обвинува за злоупотреба на јавните набавки во општина Струмица.

„Дали со направената 1 милијарда можете да си купите нов живот, додека граѓаните одат по работ на егзистенцијата? И Како тоа рапидно се зголемил имотот на сите први луѓе во државата и околу Вас?“, прашуваат од СДСМ.

Овие прашања пишуваат од СДСМ, треба да ги одговори, лидерот на ВМРО ДПМНЕ, Никола Груевски, оти тој од позиција на премиер ги назначи своите први братучеди Сашо и Влатко Мијалкови и кумот Зоран Ставрески за контролори и газди на парите на граѓаните на Република Македонија.

„Не барајте мега скандали кадешто нема, туку објаснете ја семејната метастаза што ја разболе Македонија“ пишува СДСМ во писмената реакција на пресконференцијата на ВМРО ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Огњеновиќ: Молкот на власта за скандалот со 5 тони дрога е потврда дека се штитат виновните

СДСМ: Нова слика на Мицкоски – старо друштво

СДСМ: „Буџетот не е во најдобра состојба“ – оваа изјава на Божиновска е доказ дека фалат 2 милијарди евра

А1он

СДСМ: За да се впушти во борба против криминалот и корупцијата Мицкоски треба да се уапси самиот себе

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Димитријевиќ: Пет тони дрога поминале низ Македонија, кој ќе одговара за картелскиот скандал?

СДСМ: Скандал со повлекувањето на Кедев, дали Жан излезе со клевети за Филипче за да се спаси

Катерина Ѓуровски