На вчерашната централната трибина на коалицијата „Можеме“ во Скопје, претседателот Зоран Заев истакна дека нема повеќе изговори и одолговлекување во носењето на правдата во Северна Македонија.
„Донесевме се што требаше да биде донесено од извршната власт и Собранието. Нема да оставиме сега некој да си игра играчка со македонското правосудство. Судиите и обвинителите носат еднаква одговорност како и другите две власти. Мора да го прочистите судството за оние чесните да можат да ги гонат сите кои се огрешиле пред законот.
Ви ветувам со целиот мој интегритет. Секој што застарува предмети ќе биде автоматски разрешен. Во првите 100 дена формираме експертска комисија за прочистување во правосудството. Ви гарантирам дека ќе се направи комплетна и темелна проверка на имотот и материјалната состојба на секој судија и обвинител”, истакна Заев.