(ВИДЕО) Заев: Градиме ново игралиште за здрав живот на младите генерации

Од:

Помошното игралиште на стадионот „Младост“ во Струмица ќе прерасне во модерен фудбалски терен со вештачка трева. Овој проект го реализираат општина Струмица, Фудбалската федерација на Македонија и УЕФА, во рамките на програмата хет – трик,а се реализира во уште девет општини во државата. За деталите на овој проект, денеска информираше градоначалникот на општина Струмица, Зоран Заев.

-Постапката за овој фудбалски терен почна во октомври минатата година, во која покрај расчистувањето на имотно – правните односи, ја добивме и локацијата од страна на владата за трајно користење, ја завршивме целата урбанистичка и техничка документација, издадовме одобрение за градба и еве подготвителните работи се веќе започнати. Се работи за фудбалски терен од модерен стил каде што ќе биде распослана вештачка трева и во партнерство со УЕФА општината ќе реализира проект вреден 430 илјади евра, од кои 330 илјади евра се проектирани во буџетот на општина Струмица, а 100 илјади евра е донацијата за вештачката трева од УЕФА.

zaev-igraliste-strumica-12 (3)

– Овој дел од тендерот на подготвителните работи, дренажниот систем и сето тоа што значи изградба на самиот фудбалски терен е завршен и останува да распишеме тендер за изведба на трибините, рефлекторите и соблекувалните. Ова ново игралиште ќе придонесе многу за здравиот живот на младите генерации, интересот за фудбалот и воопшто за спортот е огромен во Струмица. Би сакал да додадам дека тоа е само еден спортски терен од сите овие терени што се прават токму тука на оваа локација.

zaev-igraliste-strumica-12 (2)

– Сведоци сте дека отпочна изградбата на спортскиот центар на Горан Пандев, а пред одобрение на градба сме на два значајни проекти на фирмата „Грозд“, едниот е за тениски игралишта, а другиот е градскиот базен и сите останати содржини. Некаде на есен ќе продолжиме со реализацијата на теренот за мини голф, со што целиот овој комплекс треба да прерасне во еден нов спортски центар за сегашните и идните генерации струмичани, рече градоначалникот Заев на денешната прес конференција.

zaev-igraliste-strumica-12 (4)

Би можело да ве интересира

Струмичанец е приведен поради серија измами, полицијата кај него пронајде голема сума пари

Горан Наумовски

Во нова акција на полицијата запленети се околу 20 тони марихуана

Жители од Турското маало во Струмица протестираа заради високи сметки за струја

ВИДЕО: Поплави во Струмичко, удавени 100 овци и 120 јагниња

Катерина Ѓуровски

„Здрава котлина“ организираше протест против аерозагадувањето на Струмица

А1он

Левица: Баџанакот на Мицкоски со бугарски фирми добива тендери од општина Струмица