(ВИДЕО) Заев: Доставени 16 нови инкубатори, повикувам заедно да преземаме активности за заштита на животот и здравјето на граѓаните

Од:

Премиерот на Република Македонија, Зоран Заев денеска на Клиниката за гинекологија и акушерство во име на Владата донираше 16 нови инкубатори. Тој кажа дека со оваа донација ќе се придонесе кон зголемување на квалитетот на грижата на предвреме родените новороденчиња и најави уште 10 инкубатори за општите болници во Штип, Тетово, Струга, Прилеп, Охрид Куманово, Битола, Гостивар и Струмица како и за Специјалната болница за гинекологија и акушерство Чаир, во Скопје.

– Наша најголема заложба и обврска како Влада на Република Македонија и како одговорни граѓани е да се грижиме за најмалите уште од првиот момент после нивното раѓање бидејќи се работи за самиот почеток на животот на идните генерации како најважна и највисока човечка вредност. Грижата за новороденчињата е, и ќе продолжи да биде еден од врвните приоритети на Владата на Република Македонија и суштинска вредност во нашето работење, рече Заев.

Тој додаде дека Македонија е земја со висока смртност на новороденчиња и ги повика сите општествени чинители, политички субјекти, институции, општествено одговорни компании, граѓански организации и граѓани заедно да работат и да се борат со овој проблем за да се промени состојбата.

– Горчината во душата што ја чувствуваме кога ќе го слушнеме процентот на смртноста на бебињата, крајно време е да ја отстраниме од нашите души. Ваквите донации се пример дека можеме заедно и државата и приватниот сектор да придонесеме кон решавање и на нај горчливите проблеми што ги мачат граѓаните. Се радувам што во нашата земја постојат позитивни примери, како денешниот со Скопска Пивара каде што можеме да видиме како општествено одговорна компанија дава директна помош за унапредување на условите во одделението за интензивна нега кадешто мајките ќе се згрижуваат откако ќе ги донесат своите новороденчиња на свет. Очекувам дека оваа позитивна пракса ќе продолжи, а ние како влада со одговорни политики и сопствен пример ќе поттикнуваме и мотивираме бројот на општествено одговорни компании во земјата како и други граѓани да расте, рече Заев.

Би можело да ве интересира

Викторија Јовановска останува директорка на Клиниката за Гинекологија

Орце Костов

Раката на бебето повредено на ГАК е имобилизирана, првична проценка на Комисијата е дека нема стручна грешка

ВМРО-ДПМНЕ: Три скандали на Гинекологија за една недела, никогаш не било полошо

Почина родилка од Делчево на комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Стојаноска за средби Заев-Мицкоски: Не можам ниту да потврдам ниту да демантирам

Александар Тодески

Бебето Едон родено со 940 грама си замина дома по 77 дена поминати на ГАК