(ВИДЕО) Ало началниче, може ли да одговорам?

Од:

Најавеното интервју на ТВ Сител со лидерот на СДСМ, Зоран Заев единствено се претвори во најдобар пример зошто мора да има регулација на медиумите пред да се одржат изборите. Лидерот на СДСМ Зоран Заев наместо да може да одговара како што налагаат новинарските правилата, беше соочен со обвинувања без да му се даде простор за одговор, со дофрлања од страна на водителот како “Дали сте со здрав памет“, “Лажеш како Турчин“, “Криминалец“.

Откако Заев во неколку наврати го опомена водителот дека се работи за телевизија со национална концесија и дека не му остава простор да одговори, возврати на ваквото однесување.

-Ало началниче, ќе ми оставиш ли простор да одговорам? Како не ви е срам да водите вакво интервју, може ли да одговорам на едно прашање? Како можете да водите вака интервју?

Заев на Латас му кажа дека лаже и манипулира со изнесените бројки за финасиска состојба на семејството Заеви од 205 милиони евра кои со телопи ги прикажуваше неколку минути на телевизијата, како и дека се монтажа и лага наводните разговори со Чауш кои беа прикажани исто на телоп.

-Сето ова се манипулации и монтажи. Знаете ли колку се 205 милиони евра, знаете ли што зборувате, рече Заев и извади како што кажа имотен лист на Латас дека поседува имот на Кожуф вреден според него 4,5 милиони евра.

-Кога одите со вакви измонтирани цифри, од каде ви вам 454.000 метри квадратни имот на Кожуф, давате 7 милиони денари позамица, и сега е впишано 454.000 метри квадратни имот на Латас, ова е имотен лист каде што стои Драган Павловиќ Латас каде во извршна постапка барајќи ја позајмицата од 7 милиони денари му е впишан имот од 454.000 квадрати, тоа се 4,5 милиони евра, обвини Заев.

-Немам јас имот на Кожуф, ќе ве тужам, рече Латас. Сакате да се кладиме?

-Не ви се плашам бе Латас. Што има јас со тебе да се кладам? Како тоа со вас да се кладам? Вие Латас имате десет пати повеќе пари од мене, сто пати повеќе пари. Моите пари се во анкетниот лист, јас одговарам за тоа. Четири пати ме проверува државата за сопственоста, колку поседувам. А вие што сакате можете слободно да правите.

-Главен уредник сте со национална концесија, оставете ми време да одговорам. Дали си верувате ова што си зборувате, ова не е точно и ова е лага, јас не сум дојден овде да водам дуел. Ало началниче да одговорам ако може, ова не е точно и се лаги, Зоран Заев има 120.000 евра имот, без имотот на родителите. Јас сум прв бизнисмен кој доаѓа на чело на партија.

Сите дојоа да ги проверат, антикорупциска, Управа за приоходи, се е чисто од почеток до крај. Десет години сум градоначалник, пред да станам градоначалник сме имале 620 вработени, тронка ако имал кривична одговорност Зоран Заев нема да бидел сега на слобода, рече Заев.

Тој на Латас му кажа: Од уплашеноста од СЈО и можноста да одговарате сте уплашени и затоа се однесувате вака.

Одиме на суд, ако ве добијам, ќе земам едно од поршињата од вашата фамилија, рече Латас.

Кои бе поршиња?

Што вози вашиот брат Вице?

Ауди, со чесно заработени пари, ако не било чесно досега ќе скапел во затвор, чесно од што плаќа даноци а вие од тие даноци земате 5 милиони евра. Јас сум транспарентен, што сум дошол кај ваква перјаница на власта, на режимска телевизија, рече Заев.

Не е убаво да зборувате вака, не ве прави политичар, сугерираше Латас.

Па режимска е телевизијата, вие сами рековте дека сте куртон вести. Се ќе се открие, сите злоупотреби, и рекетот, и од сите фирми што земате пари. Мојот е имот е достапен за сите, а бе лажете началниче, вие сте началник на Сител. Како можете со лажни податоци да излегувате, рече Заев.

Лидерот на СДСМ кажа дека во СЈО предале 1 милион и 50.000 материјали и дека записник не правеле ниту во Јавното обвинителство кога му предавале материјалите на обвинителот Марко Зврлевски. Тој на крајот на интервјуто рече и дека поради ваквото однесување на одредени медиуми нема да се оди на избори додека не се воведе ред.

-Еве ќе кажам дека ние го прифаќаме предлогот на меѓународната заедница за регулација на медиумите, рече Заев.

Би можело да ве интересира

Обвинителството го повлече обвинението против Латас за случајот „Тревник“

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Стојаноска за средби Заев-Мицкоски: Не можам ниту да потврдам ниту да демантирам

Александар Тодески

Фирми на Мијалкови и на Трајче Заев должат четири милиони евра за ДДВ: Кои се најголеми должници на УЈП

Орце Костов

Латас и Лазаров не се чувствуваат виновни

Судењето против Латас и Лазаров одложено за 19 јуни

ВИДЕО: Латас и Лазаров пред судија – се одложи судењето за сексот во фиќо

А1он