ВИДЕО: Заев даруваше крв во чест на ослободувањето на Струмица

Од:

На големиот јубилеј 70 години од ослободувањето, градоначалникот на општина Струмица, Зоран Заев, како многу пати досега на дело ја потврди својата хуманост и солидарност, подари крв за да спаси нечиј човечки живот.

Заедно со вработените во општината и членови на Советот се вклучија во крводарителската акција која што на иницијатива на општинската администрација се реализираше во организација на Црвениот крст и Институтот за трансфузиона медицина.

-Ако оваа слобода која што денеска ја славиме е извојувана со крв на наши сограѓани, денеска е убаво, симболично, со дарување на крв да придонесеме и ние во одбележувањето на денот, односно ако се давале човечки животи за слободата, еве, ние со капката драгоцена крв да помогнеме во спасувањето на многу човечки животи во нашата Македонија. Со тоа, секако, сакаме да испратиме порака на хуманост, взаемно помагање, солидарност, кои секако се темелни вредности на општеството во кое живееме, рече градоначалникот Заев.

zaevKrv (5) zaevKrv (6) zaevKrv (7) zaevKrv (8) zaevKrv (9) zaevKrv (2) zaevKrv (3) zaevKrv (4) zaevKrv (1) zaevKrv (10) zaevKrv (11) zaevKrv (12) zaevKrv (13)

 

 

 

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Нов протест на земјоделците во Струмица

Завршени се инспекциските контроли за случајот со 19-годишната родилка, ќе има и стручен надзор

Горан Наумовски

Пожарникарите спасија мајка и дете кои паднаа во бездна кај Струмица

А1он

Пожар на депонијата кај Струмица, пожарникарите апелираат до граѓаните да останат смирени

Прегазена е жена во Струмица, заврши во болница

А1он

Невремето во Струмичко предизвика неколку пожари и штети на посевите