(ВИДЕО) Заев: Да се издигнеме кон вистинските вредности

Од:

Денеска е голем ден, денес е Успение на Пресвета Богородица. Дозволете да Ви посакам Богородица да не чува и заштитува сите нас и сите наши граѓани и нашата Република Македонија, рече претседателот на СДСМ, Зоран Заев.

„Навистина денот е прекрасен да се посветиме на вистинските вредности и нашите деца и семејства, на нашите роднини и пријатели, на родната грутка, на нашата земја Македонија.

И секако по овој повод и денеска да испратиме порака дека како што се воздигнала Богородица и се искачила кај своето чедо Исус Христос, така заедно сите да се воздигнеме во вредностите којшто се нашето секојдневие, а тоа е да бидеме добри луѓе, да пружиме рака, да помагаме, да се сакаме, да се почитуваме.

Навистина празникот ја испраќа таа порака како чуварот на нашето Православие и Христијанството, Богородица така и сите ние граѓани да си ги чуваме нашите граѓани и да си ја чуваме Република Македонија“, рече Заев.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Две недели нема лекови на Онкологија – пари за тендери има, за живот нема

(ВИДЕО) Филипче: Поскапува храната, наместо мерки за граѓаните владата на Мицкоски со нов дефокус

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

СДСМ: Цените растат, а Владата на Мицкоски не прзема ништо – профитира бизнисот на ВМРО

СДСМ: Власта да ги прифати законските решенија за намалување на цените

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО