(ВИДЕО) Заев до АРМ: На вашите униформи годинава е закачен највредниот орден, поканата за пристапни преговори за членство во НАТО

Од:

Премиерот Зоран Заев упати честитка до припадниците на Армијата на Република Македонија, по повод Денот на Армијата на Република Македонија.

„Браво: за вашите успеси низ годините, за достоинственото претставување на Македонија во мировните мисии и светот, за врвната професионалност со којашто секогаш стоевте и стоите, во секакви услови, на браникот на потребите и интересите на граѓаните на Република Македонија, а и на светот.

Овој драгоцен потенцијал што го вложувате во својата земја од независноста на Македонија, и во светот, оваа 2018 година го постави на вашите униформи највредниот орден што секогаш ќе стои на вас. А со којшто `не направивте горди и сите нас во Македонија. Тоа е поканата за отворање пристапни преговори за членство во НАТО.

Влегуваме во НАТО како рамноправна 30-та земја членка на Алијансата!

НАТО е сигурност и безбедност за една држава и нејзините граѓани, но НАТО е и повисок животен стандард, и инвестиции, нови работни места, повисоки плати, и современо здравство, и квалитетно образование.

Вие, кои со години стоите рамо до рамо со вашите колеги од НАТО, најдобро знаете што значи да сме под закрила на НАТО, што благодарение на вас се отвори и за сите граѓани на Република Македонија.

Оддавам почит и признание за сиот ваш труд, трпение, непреспиени ноќи, и пред се надеж, и верба – дека еден ден Република Македонија ќе ја биде. Дека ќе се почитува според светските стандарди вашата професионална работа, и ќе биде добро за сите граѓани.

Благодарам што овозможувате на граѓаните и на Македонија да продолжат напред. Нека ни е честит Денот на Армијата на Република Македонија, на сите во државата!“, рече Заев.

Би можело да ве интересира

До Владата засега не е пристигнато предлог-решение за правична застапеност, вели Митева

Сиљановска – Давкова: Најсилната страна на Армијата е човечкиот капитал

Раскинат е договорот со фирмата што ја снабдуваше АРМ со храна, по труењето на 60 војници

Мисијата на ОН во Либан во која има и македонски офицери го одби барањето на Израел да напушти дел од позициите

Катерина Ѓуровски

СДСМ: 100 дена Влада на Мицкоски, 100 дена изговори, скандали и разочарувања

Пензионерите од денеска со повисоки пензии за 2500 денари