(ВИДЕО) Заев: Ако продолжиме со ова темпо може да станеме и економски пример

Од:

Премиерот Зоран Заев на трибина во Куманово посочи дека земјава е пример за останатите, како преку договор и дијалог се решаваат крупни сложени проблеми. Земјата, како што рече премиерот создаде модел како се зајакнуваат добрососедските односи.

„Договорот со Грција е совршен пример и неговата имплементација веќе ги носи првите резултати и сите ја чувствуваме рефлексијата. За помалку од 6 месеци од договорот, 2018 година ја завршивме со 624, 5 милиони странски инвестиции, што е за 4 пати поголема сума во споредба со 2017 година“, рече Заев.

Пред граѓаните на Куманово тој додаде дека од почетокот на работењето пред околу 21 месец, Владата е посветена на отворање на перспективите за државава и за нејзините граѓани.

„Невработеноста во земјата е на историско најниско ниво и изнесува 19,4 отсто, што е намалување за 3,6% за само една година. Отворени се нови 26 600 работни места. Истовремено, исполнети се очекувањата на Владата, за раст на БДП во четвртиот квартал во 2018-та и тој изнесува 3,7%“. Платите и натаму растат. Иако очекувавме до крајот на 2020-та, верувам дека до крајот на оваа година просечната плата ќе достигне до 500 евра“, рече Заев.

На денешната трибина, Заев уште еднаш ги повтори мерките коишто ги донесе Владата, а коишто придонесоа за големи заштеди кај граѓаните, како што се евтината дневна тарифа за струја и укинување на радиодифузната такса.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Филипче: Поскапува храната, наместо мерки за граѓаните владата на Мицкоски со нов дефокус

Загина 64-годишен возач во близина на Куманово

Пронајдена почината 50 годишна кумановка

А1он

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

СДСМ: Цените растат, а Владата на Мицкоски не прзема ништо – профитира бизнисот на ВМРО

СДСМ: Власта да ги прифати законските решенија за намалување на цените