ВИДЕО: За една година рекордни 39 трансплантации на бубрег во Македонија

Од:

За една година направени се 39 трансплантации на бубрег на Клиниката за Урологија, во Скопје. На чело на тимот за трансплантација од март 2012 година е проф. д-р Сашо Дохчев, кој во интервју за А1он вели дека со овие резултати Македонија се движи рамо до рамо со светските клиники, а тимот може да се пофали дека нивото на трансплантација и успешноста на истата е во светски рамки.

Тимот се занимава со трансплантација уште од деведесетите години, но за разлика од денес, тогаш годишно ниво се правеле 15 до 20 трансплантации. Се до оваа година, најголем успех бил оној во 2005, кога биле направени 20 трансплантации.

Како за споредба, минатата година за 8 месеци тимот направи 23 трансплантации што е значаен резултат, потенцира професорот Дохчев. Тој објаснува дека денес разликата е во тоа што освен тимот на уролози, за прв пат е вклучен и васкуларен хирург, д-р Сашо Јосифов, кој е задолжен околу васкуларните пристапи на бубрегот.

„Овој успех се должи на начинот на работа, кој не тера се повеќе и повеќе да правиме успешни трансплантации“, задоволно вели Дохчев.

Тој рече дека во план е годишно во Македонија да се извршуваат по 40 трансплантации на бубрег, што според него е една извонредна бројка.

Сите трасплантации се од жив дарител, кој најчесто е некој од потесното семејство на болниот.

Д-р Дохчев, истакна дека во план е воведувањето на кадаверичната трансплантација (трансплантација од починат човек), која престанала да функционира од осамостојувањето на Македонија, објаснувајќи дека кон крајот на осумдеседите тие во Југославија направиле 22 кадаверични трансплантации.

Својот некогашен пратенички мандат д-р Дохчев го коментира со објаснувањето дека секој интелектуалец мора да даде допринос не само во својата професија, туку и во општествените текови на државата.

За состојбите во здравството, вели дека по периодот на транзиција состојбите не се онакви како што се очекувало. Иако, како што вели се пропуштиле многу шанси да се трансформира здравството, сепак се надева дека во иднина здравството поуспешно ќе се менаџира.

Повеќе во интервјуто.

Темјана Поповска

Би можело да ве интересира

Министерот Клековски: Нездравата исхрана и неактивноста се коренот на проблемот, потребни се радикални превентивни мерки

Клековски: Дополнителната работа на лекарите вработени во јавното здравство не треба да е хаотична, анархична и со можности за злоупотреби

Пристигнаа сто нови возила за итната помош, се унапредуваат условите за иницијален третман на пациентите уште при транспортот

Смртноста на државна кардиохирургија бара јасни одговори

Предраг Петровиќ

Бесплатно советувалиште во Центар за дојка

„Крварев и умирав од болки“ – медицинска сестра сведочи за голготата која ја минала во три болници

Катерина Ѓуровски