Името на гимназијата Јосип Броз Тито во Скопје е поголем проблем од името Цар Борис на бугарскиот клуб ов Охрид смета привремениот бугарски министер за надворешни работи Николај Милков.
Тој вели дека е добро да се мерат рекациите, но како што вели добро е да се биде ладнокрвен, да се размислува пред да се зборува и да се решаваат работите прагматично како што предвидува договорот за добрососедство пренесува БГНЕС.
Според Милков, ако името Цар Борис Трети е проблем, името на гимназијата во Скопје што го носи името на Јосип Броз Тито е многу поголем проблем.
„Преку медиумите се пласира теза деа Македонија нема да преговара со Бугарија, туку ќе преговара со ЕУ. Кога преговараат со ЕУ, преговараат со Бугарија. Нашите барања се вклучени во нацрт-рамката за преговори, а Бугарија во секоја фаза има можност да има свое мислење за тоа како се спроведува оваа преговарачка рамка“, нагласи бугарскиот министер.
Николај Милков појасни дека за прашањата од историјата, работите се оставени во рацете на комисиите. Тие вели мора да утврдат кои се историските факти и историските вистини.