(ВИДЕО) Вујовиќ: Пукање во човекот кој дава се од себе заслужува висока казна

Од:

Докторката на психијатрија, Викторија Вујовиќ, веднаш по собирот на докторите кои протестираат во амфитеатарот на хирургија го изрази револтот кон човекот кој поради смртта на неговата мајка пукал во докторот. Таа вели дека никој не треба да рака врз докторите затоа што тие се обидуваат да ги спасат луѓето, а за пукањето нема никакво оправдание и дека оние кои го извршиле тоа заслужуваат висока казна.

Оној кој кренал рака на лекар кој е тука да помогне на вас, на нас, на нашите семејства, тој кренал рака на целиот свет. Непочитување на белиот мантил, непочитување на човекот кој дава се од себе, пукање со пиштол, тука треба висока казна. Сите ние за жал губиме во животот, губиме членови од нашите семејства, губиме драги личности, но тоа не значи дека на тој што помагал, треба во него да пукаме. вели психијатар д-р Викторија Вујовиќ.

Според неа, многу лекари ќе одат на работа со чувство на страв затоа што не се заштитени, како и дека сите ние сме пациенти и дека треба да имаме доверба во докторите.

Ако докторите го немаат чувството на безбедност, после овој настан многу колеги ќе одат на работа со чувство на несигурност, со чувство на страв дека не сме заштитени, зошто знаете во живтот сите ние сме пациенти и треба да имаме доверба во докторите. Докторите во овој момент се чувствуваат лошо, рече Вујовиќ.

Александар Тодески

Би можело да ве интересира

Медицинско лице фатено како прима поткуп, Министерството за здравство бара истрага и ги повикува граѓаните да пријавуваат вакви случаи

Владата одвои многу пари за модернизација на нашето здравство, вели министерот Азир Алиу

Министерот Кенеди отпушта 10.000 луѓе во здравството

ВЛЕН: Здравството во нашата земја е разбудено од „клиничката смрт“

Интервју со проф. д-р Светозар Антовиќ: Првиот симпозиум на MAAS ќе биде историски настан за нашата хируршка заедница

Таравари признава дека има мито во здравството, повика граѓаните да пријавуваат

Катерина Ѓуровски