ВИДЕО: Вториот спасен Македонец е во добра состојба, на копно пречекан со аплауз

Од:

30-годишниот Македонец кој денеска на пладне беше извлечен од морето е во добра здравствена состојба. И покрај што во водата беше околу 17 часа тој кога пристигна на копното каде што беше пречекан со аплауз беше во добра состоја и многу кратко им прозборе на новинарите од грчките медиуми кои го пречекаа на пристаништето.

Беше лоциран од товарен брод од Гибралтар денеска околу пладне по што беше преземен од грчките служби и пренесен на копно. Сместен е во болница.

Потрагата по третиот Македонец кој вчера заедно со неговите пријатели исчезна по влегувањето во вода прoдолжува. Едно момче на 25 години беше спасено вчера. Се огласи и МНР информирајќи дека конзулатот во Солун е во контакт со семејствата.

Би можело да ве интересира

Маринакис: Грчката Влада ги следи случувањата на Блискиот Исток, не постои причина за загриженост

А1он

Грчката бизнис асоцијација го продолжува своето силно присуство во земјава

Катерина Ѓуровски

Висок грчки офицер e уапсен за шпионажа

Горан Наумовски

Земјотрес во Грција од 3,7 степени по Рихтер, почувствуван и во Охрид

Горан Наумовски

ВИДЕО: Трагедија во Грција: 15 мигранти загинаа во судар на чамец и патролен брод

ВИДЕО: Невремето во Грција однесе две жртви