ВИДЕО: Втор ден протести во Скопје

Од:

Со получасовен протест и вечерва  граѓаните  го изразија својот револт блокирајќи ја главната крстосница во центарот на Скопје, пред „Рекорд“.

Со паролите „Оставка“, „Одете си“ и „Доста е“, тие побараа да се симне режимот на Никола Груевски и да се врати демократијата во земјава.

И денеска новиот отпор кон власта го предводеше раководството на СДСМ, на чело со лидерот Бранко Црвенковски и лидерите на другите партии од коалицијата „Сојуз за иднина“.

Протестите продолжуваат до петок од 18:00 до 18:30 часот, а за во сабота е закажан масовен протест за во 12:00 часот пред главното седиште на ВМРО-ДПМНЕ во Скопје.

Според Мирослав Грчев оваа власт не може да се победи со нормални парламентарни граѓански средства. Сите сме навикнати и очекуваме дека после 20 години нема да употребуваме други средства, но власта го исчисти парламентот од демократски сили. Останаа послушници кои ја играат играта како Хитлер кога го палеше Рајхстагот.

„Парламентот не е исчистен од опозицијата, парламентот се самоукина, практично нема повеќе парламент“, рече Грчев

Би можело да ве интересира

Тричасовен протест со блокада на Плетвар

Посебен режим на сообраќај во Скопје поради најавениот протест на ССМ

Денеска протест на ССМ: Синдикатите бараат зголемување на минималната плата

Горан Наумовски

Левица: Безрезервна поддршка за протестот на работниците – и на улиците и од институциите

Кумановци што работеа во Ирак и Авганистан повторно на протест пред општинската зграда

Куманово на нозе: Протест против УЈП поради неиспорачани даночни решенија