ВИДЕО: Втор ден полициски час – само дожд по кумановските улици

Од:

Кумановци повеќе од 50 часа се затворени во своите домови, по прогласувањето на полицискиот час кој почна во петокот во 21 часот, до утре изутрина, до 5 часот.

По улиците, во исклучителни случаи, може да се забележи само по некое возило. Само лицата кои имаат дозвола за движење или оние кои одат по итна набавка на лекови смеат да се движат низ градот.

Од утре, полицискиот час во Куманово ќе трае подолго отколку во останатиот дел од државата, односно од 16 часот до 5 часот изутрината.

Кумановци во петокот беа затекнати од прогласувањето на полицискиот час кој трае во текот на целиот викенд, па тие имаа само неколку часа за да испазарат и да се снабдат со основните намирници. Тогаш низ продавниците се создаде гужва, која се смири во 21 часот вечерта кога сите се затворија во своите домови.

Само во последниве 24 часа, во Куманово беа евидентирани 21 нови случаи на Ковид-19 и со тоа бројката достигна 114 лица заразени од коронавирусот.

Едно лице од Куманово почина од коронавирусот во Градската болница „8 Септември“ во Скопје.

Би можело да ве интересира

Тројца насилници од Арачиново осомничени за напад врз маж од Куманово

Кумановци што работеа во Ирак и Авганистан повторно на протест пред општинската зграда

30 дена притвор за двајца насилници кои претепаа сопственик на кафеана

Горан Наумовски

Куманово на нозе: Протест против УЈП поради неиспорачани даночни решенија

Протест на кумановци кои работеа во базите во Ирак и Авганистан – бараат средба со премиерот

А1он

(ВИДЕО) Левица: Од парк – шума до бетонска џунгла, Советот на Куманово го менува ликот на „Ловечки дом“

Горан Наумовски