(ВИДЕО) Врие од полиција на патарините, се проверува секое возило со бугарски таблици

Од:

Полицијата врши контрола на секое возило со бугарски таблици на патарината кај Куманово во очекување на поголема група од 150 Бугари кои утрово тргнаа од Софија кон Скопје за да му се поклонат на македонскиот револуционер Гоце Делчев.

Засилени полициски контроли со неколку возила и комбиња стојат на сите наплатни места откако на социјалните мрежи граѓаните најавија дека ќе ги блокираат патарините за да не поминат бугарските државјани, а од МВР вршат контроли засега само на бугарските возила.

– Цело утро се сопираат патници во возила со бугарски таблици. Поминаа само две комбиња со бугарски таблици, но беа придружувани од две полициски возила. Немаме најави дека ќе има блокади, засега е мирно – истакна за „А1он“ од патарината во Романовце.

Околу 150 Бугари утрово во 6.30 часот тргнаа во колона со автомобили, наместо со автобуси како што беше најавено претходно.

– Од Бугарија ќе има околу 150 бугарски граѓани кои ќе присуствуваат на чествувањето. Јас и луѓето кои ќе пристигнат во Македонија, го признаваме македонскиот народ и сакаме заеднички чествувања за Гоце Делчев затоа што е наш заеднички херој. Без навреди и тензии – рече Виктор Стојанов за „А1он“.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) „300.000 Македонци не се во вашиот Устав, во 21 век не признавате народ“: Лекција од историчарот Светозаревиќ за бугарски новинари во Пустец

Орце Костов

Жељазков: За Бугарија е важен условот „поставен од Европската комисија“ за уставни измени

Ана Ололовска

Ковачевски: Наследниците на Гоце ќе ги вметнат сонародниците на Радев во Уставот

Орце Костов

Нова провокација од Радев: Кога ќе ги впишете сонародниците на Гоце Делчев во Уставот, тогаш ќе станете демократска држава

Орце Костов

(ВИДЕО) Внукот на Гоце Делчев: Желба ми е да се отсвират двете химни на неговиот гроб

Орце Костов

Одбележување на 120 години од смртта на Гоце Делчев

Ана Ололовска