ВИДЕО: Време е за 90 пратеници и една изборна единца порача Мицкоски во промоцијата на изборната програма

Од:

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски денеска ја презентираше програмата на партијата за претстојните парламентарни избори 2024 насловена „Платформа #1198“. На обраќањето на Мицкоски му претходеа пет партиски дебати за различни области.

-Во целост, Платформа 1 198 е политички план што се потпира на еден модерен и прецизен пристап кон управување со ресурсите, квалитетен живот и динамичен економски развој, рече Мицкоски.

Програмата, како што кажа, е направена низ долготраен процес на консултации и собирање на најдобрите знаења на луѓето кои сакаат да се вградат во напредокот на државата. Програмата е наречена Платформа 1 198, е визионерска и посветена на развојот на Македонија, квалитетниот живот на сите граѓани, како и поставување на луѓето на прво место.

-Со фокус на реалните проблеми, оваа програма е срочена за да гарантира целосно функционирање на системот, заштита на националните интереси, квалитетно образование, како и модерен здравствен систем, рече Мицкоски.

Мицкоски во своето обраќање рече и дека е дојдено вистинското време, во услови кога треба да се штеди, парламентот да се сведе на 90 пратеници, а во иднина да се исполни барањето на помалите политички партии за една изборна единица.

Документот содржи и конкретни реформски мерки и политики кои ќе генерираат динамичен и повисок животен стандард, повисоки плати и пензии, притоа осигурувајќи ред и правда за сите.

-Програмата Платформа 1 198 се потпира на 5 клучни столба. И тоа Прво, активна и постојана борба за квалитетен животен стандард. Она што им е најпотребно на луѓето е пристоен живот. Второ отворање на фронт против корупција. Трето институтциите да работат според законите. Четвртиот столб е обезбедување на функционален систем за граѓаните. Петто, е заеднички патриотизам кој во сусштината е патриотиам кој обединува. И шестиот столб е непоколебливо почитување на правата и слободите на луѓето, рече Мицкоски.

Најдоминантно значење, како што кажа Мицкоски, во програмата има економијата.

-Со платформа 1 198 се обврзуваме на раст на БДП до 5% годишно, ниска стапка на инфлација не повеќе од 2,0%- 2,5% годишно, буџетскиот дефицит постепено ќе се намалува на ниво под 3,0% од БДП, намалување на невработеноста до 7,5% односно создавање на нови 55 илјади работни места, рече Мицкоски.

Најави намалување на даноците односно Македонија да биде меѓу земјите со најниски даноци за фирмите и граѓаните.

-Ќе го задржиме рамниот данок, данокот на личен доход од 10% нема да се зголемува, даночно ослободување кај данок на личен доход ќе има за нововработени млади лица до 29 години со цел задржување на младите во економијата, подигнување на прагот за регистрација на ДДВ од два на три милиони денари за консолидиран промет на сопственички поврзани обврзници, ќе направиме целосен поврат на данок на личен доход за секоја вработена жена со новороденче, данокот на добивка останува со стапка од 10%, враќање на даночните поволности на фирмите (признат расход) за уплатените премии за доброволно здравствено и животно осигурување со цел задржување и мотивација на вработените, рече Мицкоски.

Со оваа програма, ВМРО-ДПМНЕ се обврзува на капитални инвестиции од најмалку 3 милијарди евра. – Годишен износ на капитални трансфери до 250 милиони евра за општините, вкупно 1 милијарда евра во текот на мандатот, рече тој.

Мицкоски рече дека со платформата се планира редизајнирање на процедурата за поврат на ДДВ и ќе доделуваат статус на „зелена карта” за олеснета постапка на поврат на ДДВ. На овој начин, според него, процедурата за поврат на ДДВ ќе биде брза и ефикасна за даночните обврзници кои ги исполнуваат критериумите за даночна доверба.

Мицкоски побара поддршка од граѓаните бидејќи како што кажа „почетната премиса на овој длабоко обмислен политички проект е дека промените се во твои раце, и подобриот живот е во твои раце“.

-Тие – граѓаните се почетокот и крајот на секоја мерка во оваа Платформа, рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ.

Со преземањето на конкретна и јасно поставена обврска за заштита на националните интереси, Платформа 1 198, меѓу другото, рече Мицкоски, поставува и амбициозни цели за гарантирање на нормалното функционирање на уставниот и политички систем, како и за непречено одржување на редот и поредокот во земјата.

Програмата се залага и за квалитетен живот, обезбедувајќи прилика за секој да ги развива своите потенцијали. Во исто време, таа се посветува и на изградбата на квалитетен, ефикасен и правичен здравствен систем кој ќе биде достапен по исти услови и на ист начин за сите граѓани. Земјоделие кое ќе биде водено од горди и задоволни земјоделци, на осигурување на еднакви права за сите. Програмата предвидува конкретни реформи и мерки што се наметнуваат како неопходни за повисок животен стандард, како и за повисоки плати и пензии.

-Во областа на земјоделието, програмата се залага за поддршка на малите и средните земјоделски производители, со фокус на технолошките иновации, обуките и правилното управување со ресурсите. Ова не само што ќе ги подобри условите за работа во руралните области на нашата татковина, туку ќе придонесе за подобар и одржлив развој на земјоделието преку осигурување на сигурна и квалитетна храна за сите граѓани, рече Мицкоски.

Во секторот енергетика, Платформа 1 198 промовира користење на различни и еколошки извори на енергија, рече тој, додавајќи дека следењето на иновациите во областа на обновливите извори, поддршката на политиките за енергетска ефикасност, како и подобрувањето на инфраструктурните капацитети се клучните аспекти на планот за одржлив енергетски развој. Ова, според Мицкоски, не само што ги ќе ги стави во режим на оптимален капацитет енергетските ресурси, туку и ќе креира работни места во секторот на зелената економија.

Во делот на екологијата се предлагаат конкретни политики во насока на зачувување на природните ресурси, борбата против климатските промени и подобрувањето на квалитетот на животот. Тоа вклучува имплементација на мерки за смалување на отпадот, поддршка за еколошки иницијативи и обезбедување на чист воздух и вода за сите граѓани.

Во доменот на инвестициите, се промовира концепт за откриванње и привлекување на домашни и странски инвестиции кои ќе ѝ дадат нова енергија на економијата. Истовремено, програмата се залага и за ефикасно управување со финансиските ресурси, поттикнување на иновациите во приватниот сектор, како и поставување на одржлив економски развој.

-Младите се една од фокалните точки на овој документ. Исправно детектирајќи ги нивните предизвици и копнежи, се вообличуваат јасни мерки кои на еден модерен начин ќе овозможат реализирање на клучни приоритети: почнувајќи од зголемувањето на младинското учество во политиката на сите нивоа, преку нов концепт кон развој и промоција на индивидуалниот и колективниот спорт сé до мерки со кои ќе се осовремени образованието, ќе се олесни студирањето преку стипендии и друга помош и ќе се постават новите основи за динамичен развој на од државата потпомогнатото младинско претприемништво, рече Мицкоски.

Во однос на демографијата и спречувањето на исселувањето се предвидуваат мерки со кои ќе се генерираат услови за намалување на исселувањето на краток рок, а на среден ќе се овозможи повторно враќање на оние кои веќе си заминаа од своите родни огништа.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ подетално се осврна на делови од програмата. Најави укинување на балансерот, побара поддршка од партиите за Парламент со 90 пратеници, за една изборна единица, а најави доколку ВМРО-ДПМНЕ дојде на чело на Владата реорганизација на институциите и ново министерство за енеретика и министерство за социјална политика, демографија и млади, а делот од труд да биде поврзано со министерството за економија, ќе се модифицира мерката „Купи куќа за млади“.

Би можело да ве интересира

Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ ќе го истреби криминалот и за истиот ќе има одговорност, затоа ни треба поддршката од граѓаните на 8 мај за број 2

Предраг Петровиќ

Мицкоски: Потребна е масовна излезност на 8 мај за да ги пратиме во опозиција ДУИ кои ја ограбуваат и ја ставаат Македонија на колена

Предраг Петровиќ

ВМРО-ДПМНЕ: Народот сака промени, тоа го покажуваат 180 илјади гласа предност на Сиљановска пред Пендаровски

Катерина Ѓуровски

Ковачевски: Ќе продолжиме да се бориме за секој граѓанин и за европската иднина на Македонија

Мицкоски: Разликата по вчерашниот изборен ден е цунамито кое се крева, народот се излеа и тој бран на промени ќе ја порази оваа власт

Предраг Петровиќ

Битиќи од Чучер Сандево: На 8 мај гласовите се бројат од нула – сите прогресивни сили ќе гласаат ПРОТИВ ксенофобијата на ВМРО-ДПМНЕ

Предраг Петровиќ