(ВИДЕО) Вранештица – меѓу тензии и натприродни феномени

Од:

Овие денови жителите на кичевска Вранештица се под тензија поради сечењето на дрвјата од црковната шума. Вчера тие протестираа и го блокираа влезот низ кој требаше да поминат сечачите на дрвјата и на тој начин ја блокираа процедурата. Одговорните од претпријатието задолжено за сечењето на дрвјата ги известија жителите дека нивната работа е според законите и дека имаат дозвола од владиката Тимотеј.

Ние денеска ги посетивме селаните на Вранештица, кои, освен што го искажаа својот револт против владиката, тврдеа дека вчера и духовите го покажале својот револт со оштетувањето на дел од внатрешниот ѕид на црквата Свети Никола.

„Кога се случи ова и ние самите не знаеме. Вчера беше Дуовден и ова се случи од Бога. Како – и ние не знаеме. Ова треба подобро да го докажат историчарите или архитектите. Порано не се случило нешто вакво. Веројатно духовите се незадоволни од сечењето на дрвјата и тоа без да се прашаат селаните“ – рече Мире Шошоловски, жител на село Вранештица.

vranestica (1)

Жителите тврдат дека во моментот кога се случило оштетувањето на дел од ѕидот, во црквата имало неколку жени од селото, кои биле таму за да чистат, но никоја од нив не сакаше да даде изјава и да ни раскаже како се случило тоа.

vranestica (6)

Во меѓувреме друг жител на Вранештица изнесе сериозни обвинувања за некои од жителите на ова село, кажувајќи дека ова е чиста манипулација.

vranestica (5)

„Ова е чиста манипулација, селаните сами го направија тоа. Таму се крадат многу пари. Кога пред неколку години почина бившиот владика, благајникот му го дал целото црковно богатство на Бошко Велјановски, вклучувајќи ги парите и златото на црквата. Благајникот денес вози пежо 306. А црквата има три години како што нема пари. Ние не знаеме каде одат парите“ – изјави жител, поранешен вработен во Општина Вранештица, кој сакаше да остане анонимен.

vranestica (4)

Со својата упорност селаните успеаја да издејствуваат сечењето на дрвјата да прекине, а во текот на следната недела ќе се реши во која насока ќе одат случувањата. За в петок е закажана прес-конференција на која треба да се даде отчет каде одат црковните пари.

vranestica (9)

Во село Вранештица има три цркви, Свети Никола, Свети Илија и Свети Ѓорѓија. Според селаните, двете последни постојат од шестиот век и се изградени од Римјаните. Црквата Свети Никола е градена во 1861 и пред околу 20 години е реновирана внатрешноста, а пред околу 7 години е реновирана и нејзината надворешност.

vranestica (7)

На официјалниот број од митрополијата не можевме да го добиеме владиката Тимотеј за да даде изјава и да ја каже својата верзија на настаните.

Но, без разлика кој го направил ова, едно е сигурно: дрвјата се исечени и ѕидот на црквата е очигледно оштетен.

Fatlume Dervishi

Би можело да ве интересира

МПЦ-ОА повика на масновност на изборите

Митрополит Агатангел: Македонското име, идентитет, историја и традиција не смеат да бидат предмет на тргување, тоа важи и за Црквата

Владиката Тимотеј за рускиот свештеник: Ние немаме информации дека бил шпион

Орце Костов

„Работи во Софија, а патува до Скопје за да внесе раскол во МПЦ“: Кој е рускиот свештеник Змеев кој доби забрана за влез во Македонија

Орце Костов

Расчинет свештеник крстел и венчавал со „благослов“ од г.г. Стефан: Венчаните се невенчани, крстените некрстени

Орце Костов

(ВИДЕО) Академик Ќулавкова: Се загрозуваат правата на жената

Горан Наумовски