(ВИДЕО) Воислав Стојановски: Мерката притвор во Македонија станува казна и мачење, а судиите се уште ја применуваат

Од:

Мерката притвор во судските процеси да биде исклучок, а не правило, да се користат поблаги превентивни мерки за обвинетите, детално да се објавуваат причините за донесувањето на таквата мерка, да ја запрат праксата на потпишување праксата на потпишување решенија со стереотипна формулација, а МВР и судиите да ја почитуваат пресумпцијата на невиност на обвинетите. Ова се препораките кои произлегоа од анализата „Основните граѓански и политички права и слободи“, која е поддржана од проектот на УСАИД за граѓанско општество, а имплементирана од Фондацијата „Отворено општество – Македонија“ во периодот од 1 септември 2013 до 30 јуни 2014 година.

Авторот на анализата Воислав Стојановски вели дека дури и кога не се исполнети условите за мерката притвор, судиите ја донесуваат оваа одлука.

– До Хелсиншкиот комитет како никогаш досега се испратени 10 претставки кои се однесуваат на условите во затворите и изрекувањето на мерката притвор. Според податоците од Управата за спроведување за санкции, во Македонија има 140 насто пренатрупаност во затворите, односно доколку во затворско одделение треба да има 10 луѓе, таму има 14. Праксата на Европскиот суд за човекови права покажува дека дури и во услови кога джавата нема намера некого да мачи, пренатрупаноса и лошите затворски услови се еднакви на тортура. Во случајот со М.Ш. дури и кога не се исполнети причините за мерката притвор, како мерка за присуство на обвинетиот за време на судењето, судиите ја донесуваат и продолжуваат оваа одлука. Ние имаме масивни и колективни судења во Македонија. Решенијата кои се изрекуваат најчесто се колективни, имаат стереотипна формулација и наликуваат едно на друго. И покрај тоа што мерката притвор станува казна и мачење во Македонија, судиите се уште се определуваат за неа – изјави Стојановски.

Во однос на пресумпцијата на невиност, анализата покажува дека штом МВР наслови некоја акција со одредено име, тоа име се презема од медиумите, но се користи и до крај во официјалните соопштенија на судот.

Како што изјави Стојановски, речиси сите медиуми кои известувале за петкратното убиство кај Смилковското езеро ја повредиле пресумпцијата на невиност и користеле наслови и цели статии во кои обвинетите биле прогласувани за виновни.

Нада Чаловска од Хелсиншкиот комитет за човекови права, истакна дека во предметите во граѓанската постапка, судиите немаат пракса да го префрлат товарот на докажување на страната на тужениот кога постојат доволно докази дека е извршена дискриминација, со што на тужителите им се отежнува да докажат дека постои дискриминација, бидејќи немаат доволно инфомации кои ги има тужениот.

– Судиите и јавните обвинители треба да го почитуваат принципот на товарот на докажување да го носи оној кој тврди, а не оној кој негира, особено во кривичните постапки, да се обезбеди видео снимање на судските постапки за да се има реален увид во судските постапки. Како наша препорака е да се почитува јавноста на судските постапки, забележавме дека има мала заинтересираност од граѓаните и здруженијата за следење на постапките, а зголемен е интересот на новинарите – изјави Нада Чаловска.

Како што рече Чаловска, полицијата понекогаш го ограничува правото на роднините да присуствуваат на судски постапки, а тоа влијае на јавноста.

Петар Клинчарски

Би можело да ве интересира

Притвор за двајцата приведени за убиството на лекарот во Железара

Анита Петровска Рајковиќ

Таткото на Вања останува во притвор – Врховен му ја одби жалбата

Притвор за осомничен кој во повеќе наврати силувал 14-годишна девојка во Битола

Орце Костов

Таткото на Вања бара да биде пуштен од притвор – Фетаи е против, Апелација одлучува

Притвор за петмина, 10 во бегство од мафијата во Грчец – убивале, продавале дрога, имале соработници во судови и институции

Таткото на Вања останува во притвор: Кривичен го одби барањето на адвокатот Туфегџиќ за куќен притвор

Александар Тодески