ВИДЕО: Воените ветерани на УЧК не стигнаа до Српската амбасада

Од:

[staff name=”Темјана Поповска” position=”Автор”][/staff]Воените ветерани на УЧК, членови на Здружението на албанските политички затвореници во Македонија, студенти од тетовскиот Универзитет и граѓани својот протест на српската политика кон Албанците го изразија на неколку стотини метри од Амбасадата на Србија зашто полицијата не им дозволи да се доближат до објектот.

Демонстрантите кои беа околу 200 ги предводеше Фазли Велиу, вујко на актуелниот лидер на ДУИ, Али Ахмети кој пораката ја кажа на албански јазик и одби да го каже истото за македонските медиуми. Според најавата за протестот, воените ветерани негодуваа против дискриминаторската политика на Србија кон Албанците и за отстранувањето на споменикот во Прешево на борците на ОВПМБ од страна на српската полиција.

Дополинително револтот се појави по посетата на српскиот премиер во Македонија и неговата изјава дека тоа не е банана држава каде што секој може да поставува споменици каде што ќе посака. Толпата извикуваше „Етничка Албанија“ УЧК,УЧК“, и носеа пароли на кои пишуваше Дачиќ=Милошевиќ, Дачиќ-антихрист.

По поливина час, насобраните си заминаа а на собирот немаше никаков инцидент.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Србија е под снег: продолжува вонредната состојба, илјадици семејства се без струја

Нешто повеќе од 22.000 потрошувачи во Србија моментално се без електрична енергија

Тинејџер убиен во кафеана во Србија

А1он

Снежно невреме ја зафати Србија, патишта блокирани од снежни наноси и несреќи, градови покриени со снег

Гашиќ: Србија го враќа служењето во армијата, задолжително за мажи, доброволно за жени

Уапсен сум затоа што имам докази за учеството на Вучиќ во „Сараевското сафари“, тврди белградски адвокат