ВИДЕО: Во тензична атмосфера, со довикувања и скандирања, се одложи јавната расправа за Трнодол

Од:

„Не го даваме Трнодол, не чепкајте ни ја населбата“, скандираа граѓаните на јавната расправа за деталниот урбанистички план за изградба на мост во Трнодол. Атмосферата беше тензична, а граѓаните нервозни и револтирани, така што јавната презентација беше прекината и одложена за во септември. Претставниците од секторот за урбанизам најпрво ги убедуваа дека јавната анкета е само процедура, не значи носење план, но тие не попуштија , гласно извикуваа и се бунеа дека власите сакале да им наметнат решение за кое не биле прашани.

,,Правите презентација среде лето, ни покажувате цртежи што не ги разбираме, не прифаќаме ваква јавна расправа. Не гласавме за ова, не го даваме Трнодол”, рече еден од жителите на расправата на која требаше да се објасни новиот проект, а граѓаните да дадат забелешки.

На крајот се договорија со општинските власти прво да се сретнат со градоначалникот Стефан Богоев, па потоа да се одржи јавната презентација за ДУП со кој ќе се град мост во Трнодол

Би можело да ве интересира

Жителите на Трнодол бараат нов ДУП, наместо најавената јавна расправа идната година

Татјана Ташкова

ДУП-от за Трнодол на повторна јавна презентација и анкета во првата половина на 2020.

Татјана Ташкова

Левица: Легализирање на криминалот во Трнодол нема да ви помине!

Ана Ололовска

ВИДЕО: Богоев го познава тепачот кој со боксови нападна жител на Трнодол, бара МВР да го расчисти случајот

Кристијан Ландов

(ВИДЕО) Богоев: Јужната обиколница е само технички нацртана во ДУП за Трнодол, Шилегов ќе ја избрише

Маја Илиевска-Пачемска

ВИДЕО: Премалата сала направи хаос наместо дебата на расправата за Трнодол

Кристијан Ландов