А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Видео Македонија

ВИДЕО: Во тајно депо откриена милионската ограда за мостот кај Холидеј ин

by А1он24/04/2014 - 13:2424/04/2014 - 14:18222
Share0

Градоначалникот на Центар, Андреј Жерновски денеска откри фотографии од оградата на мостот кај Холидеј ин. Релјефите и други елементи од кои е изработена оваа ограда се чувале во тајно депо на територијата на Скопје.

Добивај вести на вибер

-Мојот колега од Град Скопје рече дека оградата не е готова, дека е тоа “сложена работа“ и дека градската власт сака оградата да ја постави “во еден замав“. Трајановски уште дополни и дека во тек е лиењето на оградата која е од ковано железо. Пред две години, Коце Трајановски изјави дека оградата за овој мост ќе чини „само“ 1 милион евра, потоа од кабинетот на градоначалникот на Скопје беше објавена информацијата дека оградата ќе чини 1,8 милиони евра, за да еден месец пред изборите ова цената се намали на 1 милион и 180 илјади евра. Оваа ограда се уште не е готова, се чува во тајност, а очигледно е дека намерата е да не се вознемири јавноста пред избори, рече Жерновски.

Нема информации колку навистина чини оградата и градоначалникот на Центар не може да ја добие таа информација. Тој денеска направи споредба со времето кога градоначалник на Скопје беше Ристо Пенов.

ogradaTajnoDepo

– Во тоа време се изградија мостовите кај Хром и мостот „Близнаци“, тие вкупно чинеа 1,5 милиони евра, а овде се работи за милионска ограда, рече Жерновски. Се поставува прашањето не само до Коце Трајановски, бидејќи искерено не верувам дека тој стои зад сите овие проекти, туку до оној што е основоположник на оваа идеја, тоа е премиерот, Никола Груевски: зошто до сега се крие во јавноста ова што ние го најдовме во едно скопско депо? Вистината не е тешко да се открие, намерата е да не се вознемири јавноста пред изборите, да не ја чини власта гласови против

До денеска општина Центар нема одговор колку чини оградата за овој мост, но градоначалникот Жерновски најави објавување на нови фотографии со работи што се кријат од граѓаните.

– Каде отидоа парите на граѓаните на Центар, на Скопје на Македонија, На ова треба да одговорат премиерот и градоначалникот Коце Трајановски, рече Жерновски.

Жерновски им сугерираше на поставените прашања да не одговараат дека е фотомонтажа.

Ograda - most Slobda (3) Ograda - most Slobda (6) Ograda - most Slobda (8) Ograda - most Slobda (9)

Во продолжение погледнете го прилогот од архивата на А1 он за протестите во мај 2012 година против трошењето милионски суми за оградата на овој мост.

А.Б.

centarskopje 2014

Би можело да ве интересира

Герасимовски: Во центар сигурно победуваме

Горан Наумовски10/06/2025 - 13:03

Починат маж е пронајден во стан во Скопје, истрагата е во тек

Горан Наумовски20/05/2025 - 13:40

Утре во „Матично“ трибина на Либералниот Институт за законски измени за заштита и посигурна иднина на животните

Предраг Петровиќ10/04/2025 - 10:42

Петмина ќе одговараат за перење пари за спомениците за Скопје 2014

A1on27/12/2023 - 14:2827/12/2023 - 14:36

Прва работилница во Општина Центар од кампањата на „Макпетрол“ против врсничкото насилство

Горан Наумовски18/10/2023 - 13:44

„Шанса за Центар“: Шверцерски вметнати нови објекти во ДУП-от за Стара железничка станица

Горан Наумовски21/07/2023 - 14:5021/07/2023 - 15:03
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен