ВИДЕО: Во Струмица одбележан Меѓународниот ден на лицата со даунов синдром

Од:

Со музичко забавен хепенинг, денеска на градскиот плоштад „Гоце Делчев“ во Струмица беше одбележан Меѓународниот ден на лицата со даунов синдром. Организаторите, Здружението „Вера“ и граѓанската иницијатива „Мрдни со прст“ во рамки на одбележувањето ги доделија фотографиите на лицата кои беа дел од минатогодишната кампања „Разбуди се“.

– Денеска ги славиме различностите. Прифатете не такви какви што сме бидејќи и ние заслужуваме еднакви права во ова општество. Да се заблагодарам на сите вклучени во проектот „Разбуди се“ кој беше чекор во подигањето на свеста кај граѓаните за лицата со даунов синдром, но и за оние со посебни потреби, рече Анче Туфекчиева, претседател на Здружението „Вера“ од Струмица.

Во одбележувањето на Меѓународниот ден се вклучи и општина Струмица.

– Посебно сум горд што општина Струмица целосно стои во реализацијата на проектот „Разбуди се“. Ние и понатаму ќе продолжиме со поддршка на здруженијата на граѓани кои се занимаваат со оваа проблематика, зошто овие лица тоа и го заслужуваат. Различностите треба да не’ обединуваат, а не да не разделуваат, рече в.д градоначалникот на Струмица, Коста Костадинов.

Дополнително, колоритноста на плоштадот ја збогатија учениците од основните училишта кои излегоа да го прослават доаѓањето на пролетта.

Би можело да ве интересира

Завршени се инспекциските контроли за случајот со 19-годишната родилка, ќе има и стручен надзор

Горан Наумовски

Пожарникарите спасија мајка и дете кои паднаа во бездна кај Струмица

А1он

Пожар на депонијата кај Струмица, пожарникарите апелираат до граѓаните да останат смирени

Прегазена е жена во Струмица, заврши во болница

А1он

Невремето во Струмичко предизвика неколку пожари и штети на посевите

Струмичанец е приведен поради серија измами, полицијата кај него пронајде голема сума пари

Горан Наумовски